Колку чуда игнорираме Боже мој!!!

 Колку чуда игнорираме Боже мој!!!


Чудо е човек да заплаче и да најде некој во темнината на својата осаменост да му ја избрише солзата.

Чудо е да се најдат луѓе чии постоења се подредени на исти бранови должини.

Чудо е насмевката која се раѓа не само од шега туку и од убавината на постоењето и личноста на другиот.

Вашите последни зборови ќе бидат чудо бидејќи тие ќе бидат вашиот единствен и последен допир во животот, па затоа има огромна вредност.

Чудо е што ги гушкаш сопругата и децата затоа што еден ден ќе останат само на фотографија.

Чудо е кога другиот ќе ти каже „те сакам“ што значи дека една соба во неговото срце го напишала твоето име на ѕидовите.

Чудо е кога другиот ќе ти каже „извини“ што значи дека си бил за него бездомник во градот на неговото срце и сега те угости на најдоброто место.

Колку чуда игнорираме Боже мој!!!

отец Спиридон Скутис

Comments