Молитва среде немири

Молитва среде немири



Но, како е можно да се молиме во состојба на немир? Би сакал да наведам пример кои покажуваат дека тоа е можно, дури би се осмелил да кажам дека оваа турбуленција има свои предности, како остри карпи кои ни помагаат да се искачиме високо онаму каде што не можеме да летаме.

Приказната е од „Старечник“. 

Подвижник сретнува друг подвижник во планината и започнуваат разговор при што посетителот, импресиониран од нивото на молитва на соговорникот, го прашува: „Старче, кој те научи да се молиш непрестајно?

А тој, кој сфатил дека неговиот посетител е човек со длабоко духовно искуство, му одговорил: „Не би го кажал ова на сите, но ќе ти кажам, дека навистина ме научија демоните“.

Неговиот посетител вели: „Мислам дека те разбирам. Старче, но можеш ли подетално да ми објасниш како те учеле, за да можам подобро да те разберам? И тогаш другиот му ја кажува следната приказна:

„Кога бев млад, бев неписмен и живеев во мало село на рамнината. Еден ден отидов во црква и слушнав дека ѓаконот го чита писмото на Павле кое нè учи да се молиме непрекинато.

Слушајќи ги тие зборови се возбудив и душата ми се просветли. И по црквата го напуштив селото, полн со радост, и заминав во планините да живеам само со молитва.

Ова расположение траеше во мене неколку часа. Потоа се стемни, се залади и почнав да слушам чудни звуци, чекори и врисоци. Пред мене се појавија очи кои блескаа во темнината.

Ѕверовите излегоа од гнездата за да ја побараат храната што Бог им ја препишал. Почнав да се плашам, се повеќе се плашам како што сенките стануваа потемни.

Цела ноќ ја поминав преплашен од чекорите, крцкањето, сенките, светлечките очи во ноќта, свеста дека е невозможно да се обратам кај некого за помош.

И тогаш почнав да му викам на Бога единствените зборови што ми паднаа на ум, зборови извадени од стравот: „Господи Исусе, сине Давидов, помилуј ме мене грешниот“.

Така помина првата вечер. Утрото стравот ме остави, но почнав да чувствувам глад. Ја барав својата храна по грмушките и ливадите, но тешко ја задоволував гладта.

И кога сонцето почна да заоѓа, почувствував како се враќа ноќниот ужас. Почнав да Го викам Бог заради мојот страв и мојата надеж.

Поминаа денови, па месеци. Се навикнав на ужасите на природата, но дури и кога се молев одвреме-навреме се појавуваа нови искушенија и искушенија. Демоните, страстите, почнаа да јуришаат врз мене од сите страни, и токму кога се навикнував да не се плашам од ѕверовите на ноќта, силите на темнината почнаа да беснеат во мојата душа.

Погласно од порано му ги кажав зборовите на Господа: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“. Оваа борба продолжи со години. Еден ден ги достигнав границите на мојата издржливост. Непрестајно со мака и страст викав кон Бога без да добијам одговор.

Бог беше непопустлив и тогаш, кога последната нишка на надеж почна да ми се кине во душата, му се предадов на Господ и реков: „Молчи, не ти е гајле што ќе биде со мене, но никогаш не престануваш да бидеш со мене Господи и Боже мој, подобро да умрам таму каде што стојам, отколку да се откажам од мојата потрага“.

Тогаш наеднаш Господ се појави пред мене и мирот се прошири во мене и околу мене. Целиот свет, кој ми изгледаше мрачен, сега изгледаше облеан во света светлина, сјае под благодатта на Божественото присуство, кое го одржува секое Негово создание.

И веднаш потоа, во излив на љубов и благодарност, му ја кажав на Господ единствената молитва која можеше да ги изрази сите мои чувства: „Господи Исусе Христе, помилуј ме мене грешникот“.

И оттогаш, во радост, во искушени и борба или во моменти кога мирот ме обзема, овие зборови извираат од моето срце. Тоа е химна на радоста, тоа е мојот повик кон Бога, тоа е мојата молитва и моето покајание“.

Примерот на овој непознат подвижник покажува дека искушението, очајот и немирите прават зборовите на „Исусовата молитва“ да изникнат од внатре во нас овој очајнички крик што е извлечен од надежта посилна од самиот очај, која изникна од неа, но и го победи.

Митрополит Антониј Сурожски

Comments