ТОЈ МЕ ЧЕКА

 ТОЈ МЕ ЧЕКА


Очајни безбожници!

Тие зборуваат, како нив ги чекаат црвите. Тие тврдат, дека нивниот пат на земјата е од мајмун до црв.


О, колку сум јас посреќен од безбожниците!

Јас знам, дека мојот живот е пат од Бог кон Бога. Бог ме испрати, и Бог го чека моето враќање.


Јас се трудам да се вратам како син, а не како наемник. Наемникот ја прими својата плата во овој век. А синот ќе влезе во богатата Татковина.


Сакам да се вратам како син.

Се украсувам како невеста за свадба.

Ги ставам на себе сите оние украси, кои знам, Тој ги сака.


Зошто мојот Отец е голем Цар, опкружен со сјајни и големи луѓе. Таму Тој ми одреди место и на мене. Само ме чека да се облечам и да ме земе.


Јас стојам позади завезата и се облекувам, срцето ми трепери од радост. Ја чувствувам близината на средбата.

Знам, Тој ме чека пред вратата.


Еве стојам пред вратата (Откр.3:20)


Свети Николај Велимировиќ

Comments