Гревот на јазикот е најчест грев
Гревот на јазикот е најчест грев
Гревот на јазикот е најчест грев. „Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек“, вели Апостол Јаков (Јаков 3:2).
Кога некој што се кае ќе почне да оди по Божјиот пат - кога ќе почне да живее според Божјите заповеди - тој мора да се труди да не греши со својот јазик. Ова било правило што си го поставил покајаниот пророк Давид.
Тој конкретно ветил дека ќе молчи пред своите непријатели: „ Си реков: ќе пазам на патиштата мои, за да не згрешам со јазикот свој; се погрижив устата моја да е претпазлива додека е грешникот пред мене.“ (Пс. 38:1).
Еве едно прекрасно правило за секој кој сака да се излечи од својот грев. Кога е обвинет да не одговара, кога го клеветат да молчи.
Навистина, каква е користа од разговор со лут човек кој е неправеден и не го сака Бога повеќе од себе? Ако му зборувате за зло, уште повеќе ќе го налутите. Ако му зборуваш за добро, ќе го направиш потсмев пред светот.
Пред Пилат, Христос целосно молчеше. Пилат му рече: „Ништо ли не одговараш?“ (Марко 15:4).
Што може да ти одговори, кога немаш уши да Го слушаш, а немаш ум да Го разбереш?
Така, молчењето на праведните пред лицето на неправедните има моќ да влијае на најдобар начин. Вториот е оставен сам да го толкува молчењето на праведникот и може да даде толкување што и користи на неговата душа; додека секој друг одговор, добар или лош, ќе биде погрешно сфатен на полошо, осудувајќи ги другите и оправдувајќи се себеси.
Блажен е човекот кој ќе научи да го контролира својот јазик преку воздржаност.
Исусе Христе, Господи и Боже наш, Ти кој со својот пример ни покажа како и кога треба да зборуваме, со твојот пример ни покажа и како и кога треба да молчиме. Помогни ни, со Твојот Свети Дух, да не грешиме со нашиот јазик.
Свети Николај Велимировиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар