Секој ден е како мал живот...


 


Секој ден е како мал живот


 На секој ден гледајте како на мал живот.  Не им придавајте важност на малите нешта, кој што кажал за вас, за другиот - тоа секогаш било така.

 Ако некој те навреди нека биде за негова заслуга, ако некој те измами, те изневери, те разочара, Господ нека му прости,  ние да продолжиме понатаму,

 животот е скапоцен за нас да се справуваме со безвредни работи.

 Не им замерувајте на вашите родители, деца, браќа и сестри, комшии, сите ние сме луѓе, сите грешиме, немојте да бидете повредени утре кога ќе ја изгубите таа личност и ќе сфатите дека малата плата, трошна куќа, лош збор, навреда и клеветите не ја покриваат цената на болката за личност која сте ја изгубиле поради тоа.

 Не дозволувајте смртта да ве убеди во тоа, сакајте и почитувајте го човекот додека е жив.

 Простете со срце, залечете ја раната и смирете ја душата, сè што ви треба е волја.

 Верувај ми, човекот и твојата совест немаат цена.

 Направете ги работите навреме.


 Патријарх Павле

Comments