Поуки од Свети Арсениј Кападокиски , духовникот на Свети Пајсиј Светогорец, односно кој псалм во која прилика треба да се чита
Поуки од Свети Арсениј Кападокиски , духовникот на Свети Пајсиј Светогорец, односно кој псалм во која прилика треба да се чита:
1. Кога се сади дрво или лоза за да донесат плодови.
2. Господ да ги просветли оние кои одат на собир.
3. Да истера злото од луѓето, неправедно да не ги повредуваат ближните.
4. Господ да ги излечи чуствителните луѓе кои патат од мачнината предизвикана од каменосрдните луѓе.
5. Господ да ги излечи очите кои се ранети и повредени од зли луѓе.
6. Господ да го ослободи маѓепсаниот човек.
7. За оние кои страдаат од страв предизвикан од зстрашување и заканување на злите луѓе.
8. За оние кои претрпеле зло од демоните и од лукавите луѓе.
9. Демоните да престанат да застрашуваат во сонот или низ дневните фантазии .
10. За каменосрдните супружници кои се не се согласуваат или се разведуваат (кога суров маж или сурова жена неправедно го мачат стрпливиот сопружник).
11. За обземените од лудост и злоба и оние кои им прават зло на луѓето.
12. За они кои страдаат од заболен црн дроб.
13. Во случај на демонски страв, 3 пати во текот на денот на 3 дена едноподруго.
14.Разбојниците да го сменат мислењето и да се вратат на мирниот живот и покајанието.
15. Да се пронајдат изгубените клучеви.
16.Во случај на голема клевета, 3 пати во текот на 3 дена едноподруго.
17. Во случај на земјотрес, елементарни непогоди (Божји гнев), поплави и грмотевици.
18. За лесен пород на мајките.
19. За бездетните сопружници. Господ да ги излечи и да не се разведуваат.
20. Господ да ги омекне срцата на богатите за да прават милосрдни дела за сиромашните.
21. Бог да спречи пожар за да не предизвика зло.
22. Господ да ги смири недисциплираните и непослушните деца кои ги ожалостуваат своите родители.
23. Да се отвори вратата кога се изгубени клучевите.
24. За луѓето на кои искушителот многу им завидува и постојано му предизвикува неуспеси за тие да се јадосуваат.
25. Кога човек бара некое добро од Бог. Господ да му подари и тоа да не биде во негова духовна штета.
26. Господ да го заштити народот од непријателската војска, за да не му направат злодела на луѓето и да не ги ограбуваат селаните.
27 Господ да ги излечи нервно заболените.
28. За оние на кои им штети морето и кои се плашат од големибури.
29. На оние кои во туѓина се изложени на опасности меѓу варварски и неверен народ. Господ да ги чува и тие народи да ги просветли и смири, и тие да дојдат до богоспознанието.
30. Господ да подари обилна жетва и плодни стебла кога временските прилики се неповолни.
31. Изгубените и истоштени патници да го пронајдат патот.
32. Господ да им ја покаже вистината на неправедно затворените и да бида ослободени.
33. За оние кои што се оделени од душата,кога во смртниот час ги мачат демоните или кога се заканува непријателска војска , кога ја минува границата и кога прави зло.
34. Господ да ги ослободи добронамерните и добродушните луѓе од замките на лукавите кои ги угнетуваат луѓето Божји.
35. Целосно да се искорени непријателството предизвикано од прекор и недоразбирање.
36. За тешко ранети луѓе од насилство на беззаконикот.
37. За оние кои страдаат од забоболка.
38. Унесреќните и отфрлените луѓе да најдат вработување и да престанат да тагуваат.
39. По конфликт да се врати љубовта меѓу господарите и потчинетите.
40. Да се спасат мајките од предвремено пораѓање
41. За младите кои патат поради љубовта ,кога некој ќе ги рани и ожалости.
42Заробениците да се ослободат од стражарот на непријателскиот народ.
43. Господ да им ја покаже вистината на скараните сопружници и да се смират.
44. За луѓе кои патат од болести на срцето и на бубрегот.
45. За младите на кои непријателот од завист им поставува пречки за женидба .
46. Да се успокои работникот или слугата кој избегал зашто бил повреден од газдата и да најде нова работа.
47. Кога ќе се случи катастрофа и разбојништво на варварските народи -гусари-да се чита 40 дена едноподруго.
48. За оние кои се работат опасна работа.
49. Заблудените луѓе да се вратат на божјиот пат и така да се спасат.
50. Кога нашите гревови ќе го предизвикаат Божјиот гнев кој не учи на покајание (т.е. во случај на епидемија на болести,умирање на луѓе и на стокат).
51. Да се покајат каменосрдните господари да станат сочувствителни и да престанат да го мачат народот.
52. Господ да ги благослови мрежите и тие да се исполнат со риби.
53. Господ да ги просветли богатите кои имаат купено многу слуги и да ги ослободат.
54. Да се врати почитуањето на презреното семејство кои било наклеветено.
55. За чувствителните луѓе кои душевно се повредени од нивните ближни.
56. За луѓето кои патат од главоболка и голема душевна здодевност (униние).
57. Секое добро за оние кои прават добри дела и Господ да го спречи секое зло дејство на демонот или непријателот.
58. За немите, Господ да им подари говор.
59. Господ да ја покаже вистината кога сите луѓе взаемно се клеветат.
60. За оние кои имаат тешкотија на работа заради мрзеливоста или поради стравот.
61. Господ да ги избави од искушение малодушните луѓе, кои не се трпеливи и заради тоа се јадосуваат.
62. Нивите и стеблата да бидат плодоносни кога нема доволно вода.
63. Кога човек ќе биде каснат од волк или бесно куче ( и кога му се дава да пие осветена вода).
64. Трговците да бидат благословени за да не ги мамат и обвинуваат простие луѓе.
65. Лукавиот да не внесе збрка во домот и така да го унесреќи семејството.
66. Да се благословат птиците (живинарството).
67. Да се спасат мајките кои со голема тешкотија ја одржуваат бременоста.
68. Во случај на елементарни непогоди, кога реките истечуваат од своите корита и ги носат куќите и луѓето.
69. За добродушните луѓе кои тагуваат од најмала причина и паѓаат во очај , за Господ да ги укрепи.
70. За отфрлените луѓе , кои станаа мрзоволни поради зависта на ѓаволот и паднаа во очај, со цел да ја пронајдат Божјата милост и Неговата помош.
71. Господ да ја благослови новата берба што земјоделецот ја донел во својот дом.
72. Да се покајат луѓето кои прават зло.
73. Господа да ги заштити земјоделците кои работат на своите ниви, кога непријателот го опколува селото.
74. Да се смири суровиот господар , како не би ги мачел своите ближни и своите потчинети.
75. За мајка која стравува за породување , Господ да ја охрабри и заштити.
76. Кога не постои разбирање помеѓу родителите и децата, Господ да ги просветли, да децата ги слушаат родителите и да родителите ја покажат својата љубов спрема нив.
77. Господ нека ги просветли позајмувачите за да не ги угнетуваат своите ближни заради долговите и нека им подари сожалување.
78. Господ да го заштити селото (градот) од разбојништва и уништување од непријателската војска.
79. Господ да го исцели човекот на кога ќе му отечат образите и кога го боли целата глава.
80. Господ да ги згрижи сиромашните исто така и тие што немаат, страдаат и тагуваат поради сиромаштијата.
81. Луѓето да ги купуваат плодовите на земјоделците , земјдолеците да не очајуваат и тагуваат.
82. Бог да ги спречи злобните луѓе кои сакаат да извршат убиство.
83. Господ да го поддржи секое добро што постои во куќата, стоката и плодовите на трудот (домаќинството)
84. Господ да ги излекува луѓето кои биле повредени од разбојници и кои страдаат од страв.
85. Господ да го спаси светот кога колера ќе почне да ги соборува и убива луѓето.
86. Господ ги одржува во живот татковците на семејствата се додека имаат семејни одговорности.
87. Господ да ги заштити сите незаштитени , кои страдаат заради суровст на своите ближни.
88.Господ да ги охрабри болните и слабите луѓе за да можат да работат без да се чувствуваат истоштено и да не се жалат.
89. Господ да прати дожд во време на суша или кога пресушат бунарите , за да дадат вода.
90. Да ѓаволот биде истеран кога ќе се појави кај човек и кога ќе го застрашува.
91. Господ да им даде на луѓето претпазливост да напредуваат духовно.
92. Господ да го спаси бродот кога му се заканува силно невреме на море (четири места на бродот треба да се попрскаат со осветена вода).
93. Господ нека ги просветли немирните луѓе кои им прават неволја на луѓето, создаваат збунетост кај луѓето и ги мачат со немири и расправии.
94. На сопружниците да не им се приближат магии што ќе им создаде неволји и проблеми.
95. Господ да им даде слух на глувите.
96. Магиите да се одстранат од луѓето.
97. Господ да им даде утеха на очајните и да престанат да тагуваат.
98. Господ да ги благослови младите кои сакаат да му се посветат на Господа.
99. Господ нека им ги подари и исполни побожните желби на луѓето.
100. Господ да ги благослови побожните луѓе.
101. Господ да ги благослови луѓето кои имаат високи титули, како би му помогнале на светот со добрина и разбирање.
102. За нормализирање на женскиот циклус.
103. Господ да го благослови имотот на човекот , за да не му недостасува и да не се жали, туку да го слави Господа.
104. За луѓето да се покајат и да ги исповедаат своите гревови.
105. Господ нека ги просветли луѓето за да не остапуваат од патот на спасението.
106. Господ да ја разреши женската неплодност.
107. Господ да ги помири непријателите и да им го смени лошото расположение (едни кон други).
108. Господ да ги излекува месечарите (сомнамбулисти) или да ги помилува лажните сведоци за да се покајат.
109. Да помладите покажат почит кон постарите.
110. Да неправедните судии се покајат и да праведни кон народот Божји.
111. Господ нека ги заштити војниците кога одат во битка.
112. Господ да ја благослови сиромашната вдовица, да ги плати мрзливите долгови и да ја избави од затворот.
113. Господ нека ги излекува заостанатите и монголоидни деца.
114. Господ да им даде благослов и утеха на несреќните и сиромашните деца , за децата на богатите да не ги презираат .
115. Господ да ја излечи страшната страст на лажговците.
116. Да семејството ја зачува љубовта и единството , со цел да го прослави Господа.
117. Господ да ги смири непријателите кога ќе ја опкружат земјата и ќе почнат да се закануваат и да ги одврати од нивните лоши навики .
118. Господ да ги сопре суровите непријатели и да ги спречи нивните дејства кога ќе почнат да убиваат недужни жени и деца.
119. Господ нека им даде трпеливост и смирение на оние кои се принудени да бидат со неверни (предавнички) и неправедни луѓе.
120. Господ нека ги заштити заробениците од рацете на непријателот и да не им биде направено никакво зло се додека не бидат ослободени (т.е. за време на ропстовото).
121. Господ нека ги излекува луѓето кои патат од уроци (магии).
122. Господ да им даде светлина на слепите лица и да им ги излекува болните очи.
123. Господ нека го зачува човекот од каснување од змија.
124. Господ да го чува имотот добрите луѓе од злонамерните.
125. Господ да ги излекува луѓето кои патат од постојани главоболки.
126. Да се помири скараното семејство.
127. Нека злобата на непријателот никогаш не се приближи до куќата и во семејството нека владее мир и Божји благослов.
128. Господ да ги излекува луѓе кои страдаат од мигрена и главоболка и да има милост за каменосрдните и неправедни луѓе кои ги мачат добродушните.
129. Да им даде Господ на почетниците храброст и надеж за да немаат потешкотии во службата.
130. Господ нека им даде на луѓето покајание, утеха и надеж дека ќе бидат спасени.
131. Господ да го помилува светот кога ќе се појават војни заради нашите гревови.
132. Господ нека ги просветли луѓето за луѓето да можат да се смират.
133. Господ да ги заштити луѓето од сите опасности.
134. Луѓето да се соберат во часот на молитвата и да нивните умови бидат соединети со Господа.
135. Господ нека ги заштити бегалците кога ќе ги напуштат своите домови и ќе побегнат и да ги избави од суровите непријатели
136. Господ да го смири човек со плашлив карактер.
137. Господ да ги просветли локалните (градски) старешини и луѓето кои им упатуваат молби да наидат на разбирање .
138. Да ѓаволот престане да ги вознемирува добронамерните луѓе со богохулни помисли.
139. Господ го да ублажи инаетот на татковците на семејството кои ги мачат сите членови на нивното домаќинство.
140. Господ да го смири суровиот старешина кој ги малтретира своите соседи.
141. Господ да го смири бунтот што предизвикува зло.
142. Господ да ја сочува мајката за време на нејзината бременост за да не абортира.
143. Господ да го смири бунтовниот народ за да нема граѓанска војна.
144. Господ да ги благослови богоугодните човечки дела.
145. Господ да го запре крварењето во човечкото тело.
146. Господ да ги излекува претепаните луѓе и оние чии вилици се повредени од злобните.
147. Господ да ги смири дивите ѕверови во планините, за да не им наштетат на луѓето и да не ги оштетуваат посевите.
148. Господ да даде поволно време за да луѓето имаат обилна жетва и да го слават Бога.
149. Во знак на благодарност кон Бога за сите големи добра, за изобилството на љубов која нема граници и за неговота долготрпеливост.
150. Господ нека им даде радост и утеха на нашите тажни браќа што се во туѓа земја, како и на нашите заспани браќа, кои се во уште поголема туѓа земја. Амин.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар