На крајот на краиштата, не вреди да се зборува со сите за сè...
На крајот на краиштата, не вреди да се зборува со сите за сè.
Затоа што нема сите да те разберат, ниту пак имаш знаење за се.
Подобро молчи и оди си.
Нашето его секогаш нè поттикнува да одговориме. Не треба. Особено кога ќе разбереме дека другиот не сака да слушне одговор, туку едноставно сака да не предизвика.
Треба да се заштитиме од вакви ситуации бидејќи за тоа се работи.
Да го зачуваме мирот на нашите срца и да не паднеме во замката на себичноста која не турка кон конфликт.
Замолчете и тргнете се од фанатици, арогантни и иронични луѓе.
Не обидувај се да убедиш таков човек во ништо. Ако навистина сака да ве разбере, тогаш ќе ја цени и вашето молчење и можеби ќе ви пристапи поинаку.
Но, ако тој продолжи да ви зборува како авторитет и полн со ароганција, тогаш тргнете се од него.
Ништо нема да добиете со тоа што ќе се дружите со него, туку ќе го изгубите мирот.
Не, не е добро да се толерира таква личност. Затоа што вие го храните, несвесно, со неговата слика за себе.
Ако му останала дури и искра на самопочит, вашето бегство може да го освести. Ако не, тогаш не се чувствувајте виновни за сопствениот став и начин на размислување.
Треба да престанеме да се чувствуваме виновни за лошото однесување на другите. И ние грешиме и потребно е наше покајание, но немојте да ве опседнува синдромот на вина затоа што некои од нашите браќа свесно избираат непопустливост и ароганција.
Да, да им се даваат можности на луѓето, но не на сметка на разумот и вистината.
Архимандрит Павлос Пападопулос
Comments
Post a Comment
Напиши коментар