Но, ако размислиме во каква положба го доведуваме Бога со нашите страсти...
Но, ако размислиме во каква положба го доведуваме Бога со нашите страсти...
Многумина го земаат молкот Божји како знак дека Бог „не постои“, „умре“.
Но, ако размислиме во каква положба го доведуваме Бога со нашите страсти, тогаш би виделе дека Тој нема друг избор освен да молчи.
Го молиме Него да не поддржи во нашите неправди. Тој отворено не нè инкриминира. Тој нѐ остава да одиме по нашите зли патишта и да ги жнееме плодовите на нашите лични гревови.
Но, ако се обратиме кон Него со покајание, тогаш Тој доаѓа брзо, побрзо отколку што очекувавме.
Знаејќи ги нашите потреби, тој многу често ги предвидува. Штом во молитвата ги изговараме нашите барања, оправдани со реалноста на нашиот живот во светот, Тој веќе ги исполнил.
Затоа, Божјата тишина е најелоквентниот, најљубезниот одговор на нашите неправди
Свети Софрониј Сахаров
Comments
Post a Comment
Напиши коментар