Акатист кон Свети Нектариј Егински
Акатист кон Свети Нектариј Егински
КОНДАК 1
Богоизбран Нектариј, митрополиту пентаполски и чудотворче егински, ти принесуваме моленија за нашите болни роднини, бидејќи си се јавил како чудотворен исцелител на ракот и на други болести, дарувајќи ì благодат на целата вселена. Поради тоа со една уста и едно срце постојано ти воскликнуваме:
Радувај се, Нектариј, архиереју Божји!
ИКОС 1
Добивајќи ангел чувар при светото крштавање, од својата младост си се стремел кон рамноангелски живот, отче наш Нектариј. Сега, пак, со ангелите се насладуваш гледајќи на славата Божја, моли Го Владиката на сите ангели за оние кои ти пеат вака:
Радувај се, благословен плоду на венчани родители!
Радувај се, од утробата мајчина си осветен од Бога!
Радувај се, ти кој си се научил на послушност уште од детството!
Радувај се, ти кој си го изучил Светото Писмо уште од младоста!
Радувај се, вдахновена книго на Божјите зборови!
Радувај се, жива таблицо на богољубието!
Радувај се, од Бога си избран за кротост и смирение!
Радувај се, ти кој си го оставил својот дом заради духовното учење!
Радувај се, бидејќи заради тебе стивна страшната бура во морето!
Радувај се, бидејќи со твојот појас се зацврсти скршената катарка!
Радувај се, орлу кој леташ на небото, окрилен од умствената молитва!
Радувај се, елену кој си ги пронашол изворите на покајанието!
Радувај се, Нектариј, Божји архиереју!
КОНДАК 2
Гледајќи те како се молиш во воздух, една монахиња се исплаши, богољупче. Ти, пак, дарот на молитвите криејќи го, со забрана си ја запечатил устата на монахињата, воскликнувајќи Му на Господа во срцето: Алилуја!
ИКОС 2
Со молитва си го стекнал умог Христов, свети Нектарие, да разбереш што е волјата Божја – добра, утодна и совршена. Научи нè и нас на секое место без гнев и сомнеж да ги подигнеме рацете кон Бога, за да примиш од нас пофален восклик:
Радувај се, ти кој го започна качувањето кон Небото од долината на плачот!
Радувај се, ти кој си ги донел плодовите на духот!
Радувај се, чедо на Атонската Гора!
Радувај се, клучу на молитвата Исусова!
Радувај се, светилнику на древната побожност!
Радувај се, граду на Светата Троица!
Радувај се, ти кој си осенет од благодатта!
Радувај се, огнен Херувиме!
Радувај се, ти кој си со ветената земја!
Радувај се, ти кој си сеел со солзи, а жнеел со радост!
Радувај се, ти во кого процветала Христовата светост!
Радувај се, бидејќи низ тебе добродејствувал Бог!
Радувај се, Нектариј, Божји архиереју!
КОНДАК 3
Облекувајќи се во силата на Севишниот, отче Нектариј, си ја потврдил силата на Христовите зборови: „Во Моето Царство“, како што зборува Христос, „ниту се женат, ниту се мажат“, туку како ангелите на небесата пеат непрестајно: Алилуја!
ИКОС 3
Пречистата Богородица, имајќи ја на располагање целата небесна војска, тебе угоднику, како ангел во тело, те избра за прославител на своите чудеса. Ние, пак, гледајќи го Богородичниот омофор врз тебе, се поклонуваме пред тебе со страв и љубов, воскликнувајќи:
Радувај се, таинствен избранику на Богомајката!
Радувај се, исполнителу на нејзините заповеди!
Радувај се, ти кој си го примил духот на кротоста од Пречистата Гулабица!
Радувај се, ти кој во духовните песни си ја прославил секогаш Дева!
Радувај се, ти кој си се научил да ì угодуваш на Царицата на небото и земјата!
Радувај се, ти кој преку молитвите на Мајката си стекнал милост кај Синот!
Радувај се, мерило на праведноста и палото на мудроста!
Радувај се, висино на расудувањето и длабочино на смирението!
Радувај се, крину егински, што ни го излеваш нектарот на покајанието!
Радувај се, пчело едемска, која со медот на богословието нè храниш!
Радувај се, мироварнице која ни излеваш миро!
Радувај се, Нектариј, Божји архијереју!
КОНДАК 4
Кога ерејот на твојот храм – Нектариј, падна во очај, бидејќи од ракот имаше крвоточива рана на градите, ти, како во тело, тогаш му се јави и го исцели. Тој, пак, добивајќи исце-ение од тебе, кој потоа си станал невидлив, со солзи повика кон Господа: Алилуја!
ИКОС 4
Мнозина слушнаа за прекрасното исцеление кое си го направил додека беше жив, кога на оние кои служеа света литургија во канадската земја, си им се јавил со Светиот Дух, чудотворче Нектариј, и тамошниот фатен човек си го подигнал, повикувајќи го кон чашата. И тој, по своето исцеление, дојде до островот Егина и сретнувајќи те тебе во тело, велегласно воскликна:
Радувај се, гостољубив лекару и пофалбо на Грција!
Радувај се, ти кој си ја стекнал славата на Николај Чудотворецот!
Радувај се, реко на добрината!
Радувај се, милосрден самарјанину!
Радувај се, ти кој си надарен со дарот на чудотворство!
Радувај се, ти кој ги посетуваш измачените!
Радувај се, ти кој нè утешуваш со вистински чуда!
Радувај се, бидејќи она што е невозможно за другите, возможно е за тебе!
Радувај се, бидејќи нашите жалости ги свртуваш на радост!
Радувај се, ти кој ги бришеш солзите од нашите очи!
Радувај се, ослободителу на бесомачните!
Радувај се, исцелителу од рак!
Радувај се, Нектариј, Божји архиереју!
КОНДАК 5
Отче, си се вознел над вселената како ѕвезда на покајание движена од Бога, непрестајно сјаејќи врз нас со зраците кои ги уништуваат човечките беззаконија. Осветли ги и нашите умови да ги согледаме и нашите гревови и да го смилостивиме Владиката, пеејќи: Алилуја!
ИКОС 5
Чистите девојки, гледајќи го својот архиереј како стои пред Бога во убавината на душата и телото, и препознавајќи во него голем молитвеник и чудотворец, едногласно ти воскликнаа, свети Нектариј:
Радувај се, постојано престојувалиште на Христа!
Радувај се, прекрасна ризницо на Светиот Дух!
Радувај се, царско свештенство на Великиот Првосвештеник!
Радувај се, ти кој си повикан кон престолот на Вечниот Цар!
Радувај се, сотелеснику на Христовото тело!
Радувај се, причеснику на Светата Крв!
Радувај се, гласнику на покајанието!
Радувај се, наш застапнику пред Бога!
Радувај се, нектару што ги веселиш ангелите!
Радувај се, пламену што ги гориш демоните!
Радувај се, ширино на милоста!
Радувај се, море на преславните чудеса!
Радувај се, Нектариј, Божји архиереју!
КОНДАК 6
Проповеднику на Единственото Добро, блажен Нектариј, си се смирил под моќната Божја рака и таа те возвиси. Не заборавај на своите чеда што ги фрла разбранетата морска шир, туку изнеси ги на брегот на смирението, да Го возвеличат твојот Бог, пеејќи: Алилуја!
ИКОС 6
Светлоста на Христовите блаженства си ја стекнал постепено, богомудар Нектариј: со кротост и мир, со воздржување и љубов си ја просветлил својата душа, од нас да го слушаш сега ова:
Радувај се, ти кој си ја понел облеката на смирението!
Радувај се, ти кој си ги покри навредите со простување!
Радувај се, ти кој се насладуваш со множеството на мирот!
Радувај се. ти кој си ја наследил земјата на кротките!
Радувај се, чашо на покајниот плач!
Радувај се, огледало на чистотата на срцето!
Радувај се, ти кој си се наситил со името Исусово!
Радувај се, ти кој си се напоил од водите на Светото Писмо!
Радувај се, ти кој си објавил милост и суд!
Радувај се, ти кој си го скршил непријателството со љубовта!
Радувај се, ти кој си живеел побожно!
Радувај се, ти кој си бил прогонет заради правдата!
Радувај се, Нектариј, Божји архиереју!
КОНДАК 7
Сакајќи да бидеш совршен Божји човек, праведен Нектариј, си го избрал непорочниот пат: на егинскиот остров, како на чамец, препливувајќи го морето на животот, победнички си Му запеал на Господа: Алилуја!
ИКОС 7
Си се јавил како одличен ученик на Новиот Завет, проповедајќи го Божјото слово со својот живот: бидејќи нашата борба не е против телото и крвта, туку против кнезот на темнината на овој век. Ние, пак, крепејќи се во Господа, ти воскликнуваме, богосилен Нектариј:
Радувај се, храбар војнику на Исуса Христа!
Радувај се, нанесена рана на поднебесните духови на злобата!
Радувај се, ти кој си го примил Божјото сеоружие!
Радувај се, ти кој си ги опашал своите бедра со вистината!
Радувај се, бидејќи твоите нозе се прекрасни со благовештение на мирот!
Радувај се, бидејќи на твојата глава цврсто стои шлемот на спасението!
Радувај се, штиту на верата со кој се бранат верните!
Радувај се, двоостар мечу кој ги сечеш ересите!
Радувај се, победнику кој јадеш од дрвото на животот!
Радувај се, човеку Божји врз кого другата смрт нема власт!
Радувај се, сведоку на вистинската вера!
Радувај се, рајска гранко на спасението!
Радувај се, Нектариј, Божји архиереју!
КОНДАК 8
Во тебе се јави чудесното совршенство, кое им е достапно само на совршените во љубовта. Усовршувајќи ја љубовта на нашите души, обилен со љубов Нектариј, да возраснеме во совршен човек, да Му запееме на Бога: Алилуја!
ИКОС 8
Живеејќи во низина како ништожните, си престојувал во висините со Бога, то ест со Љубовта. О, неботајнику Нектариј, дарувај ни познавање на љубовта, во кое да ти пееме вака:
Радувај се, бидејќи себеси се направи плен на љубовта Божја!
Радувај се, бидејќи си ги уловил духовните чеда со својата љубов!
Радувај се, бидејќи си го наведнал вратот под јаремот на Спасителот!
Радувај се, ти кој си ги земал бремињата на ближните!
Радувај се, ти кој си вкоренет во љубовта!
Радувај се, ти кој си утврден во милоста!
Радувај се, ти кој си ги разбрал ширината и должината на Крстот!
Радувај се, ти кој си ги разбрал височината и длабочината на Крсното дрво!
Радувај се, ти кој ја разбираш љубовта која му претходи на разумот!
Радувај се, саду на Божјата полнота!
Радувај се, ти кој во умот го чуваш сè она што е вистинито, праведно и чесно!
Радувај се, ти кој со срцето го љубиш сè она што е пречисто, добропофално и достојно за љубов!
Радувај се, Нектариј, Божји архиереју!
КОНДАК 9
Сите ангели и луѓе ì се восхитија на светоста пројавена во тебе, велик Нектариј: бидејќи во Христа нема ни Јудеец, ни Елин, ни роб, ни слободен, ни машки пол, ни женски, туку нова твар која на Искупителот на тварите Му пее: Алилуја!
ИКОС 9
Беседниците силни на збор замолкнаа, восхитувајќи му се на твојот живот, свет отче Нектариј, бидејќи си бил свет, а себеси си се нарекувал грешен; бидејќи си бил духовен, а си земен од земниот прав; бидејќи по смртта си бил вознесен на Небото, а за време на животот со умот си се симнал во адот. Ние, пак, отворајќи ја устата како деца ти воскликнуваме:
Радувај се, главо, која си ја возвишила верата!
Радувај се, усто која го посрами безбожието!
Радувај се, око просветено со богопознание!
Радувај се, десницо, закрепена со Божјата сила!
Радувај се, ти кој си ги смирил гордите умови!
Радувај се, ти кој си ги скротил гордите срца!
Радувај се, ти кој си покажал сила во немоќта!
Радувај се, ти кој си нашол радост во солзите!
Радувај се, ти кој си умрел а живееш!
Радувај се, ти кој си земен и небесен!
Радувај се, синапово семе на животот!
Радувај се, зрел класу на воскресението!
Радувај се, Нектариј, Божји архиереју!
КОНДАК 10
Сакајќи да ја спасиш својата душа, си ја венчал со единствениот Женик како девствена невеста. Сега, пак, влегувајќи во брачната одаја на Христа со хорот на девствените, славен Нектариј, пееш песна: Алилуја!
ИКОС 10
Ти си им бедем на сите кои прибегнуваат кон тебе, достоен за пофалба Нектариј, бидејќи имаш благодат да ги лечиш болните и да ги водиш кон небесното наследство: затоа излечи нè и нас, твоите чеда и одведи нè во Царството Христово, за да ти воскликнеме со целата душа вака:
Радувај се, благодатен старче!
Радувај се, одличен патеводителу на девствениците!
Радувај се, непорочен пастиру на непорочните овци!
Радувај се, мудар собирачу на девствените бисери!
Радувај се, духовен кормилару на вселената!
Радувај се, пламен служителу на Евхаристијата!
Радувај се, гласу на смирениот Христос!
Радувај се, збору на создателниот Дух!
Радувај се, искушуван во трпението!
Радувај се, очистен во неволјите!
Радувај се, поборнику на Божјата правда!
Радувај се, наследнику на Христовата слава!
Радувај се, Нектариј, Божји архиереју!
КОНДАК 11
Си ì принесувал пеење на Богомајката, угоднику Божји, нарекувајќи ја Дева Мајка на Светлината: сега, пак, просветен со совршеното разбирање на тајната на воплотувањето, вознесуваш песна: Алилуја!
ИКОС 11
Те гледаме како просветен со светлината на божествената слава, Нектариј, во шаторот на славата: просвети ја облеката на нашите души со светотроичната светлина, за да ти пееме непрестајно:
Радувај се, скапоцен камену на Царската дијадема!
Радувај се, молњо на Оној Кого Го носат серафимите!
Радувај се, бидејќи светлата заповед ги засветлила твоите очи!
Радувај се, бидејќи си ја засакал повеќе од злато и скапоцени камења!
Радувај се, вжештено сребро, седум пати претопено!
Радувај се, духовна гусло и флејто на Спасителот!
Радувај се, ти кој си го напишал Божјото име во своето срце!
Радувај се, ти кој со љубовта си го оправдал подвигот на верата!
Радувај се, ти кој си ја носел светоста на Духот во земното тело!
Радувај се, ти кој си ја осветувал душата, ранета од страстите!
Радувај се, ти кој со праведноста си се избелил како исоп!
Радувај се, ти кој си осветлен со познанието на Светата Троица!
Радувај се, Нектариј, Божји архиереју!
КОНДАК 12
Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
ИКОС 12
Ги славиме твоите чудеса, пречудесен Нектариј, бидејќи Христос во тебе се вселил: заради тоа Неговата чудотворна десница покажи ни ја нам кои ти повикуваме вака:
Радувај се, наследнику на древните отци!
Радувај се, Христов нов угоднику!
Радувај се, украсу на Великата Црква!
Радувај се, надеждо на вселената!
Радувај се, ти кој си се унижил себеси, а Бог те прослави!
Радувај се, ти кој беше последен, а стана прв!
Радувај се, ти кој го знаеше само својот манастир, а тебе те знае сета вселена!
Радувај се, ти кој немаше ништо со земната слава, а прими небесна плата!
Радувај се, ти кој по упокојувањето лежејќи неподвижен го подигна болниот!
Радувај се, ти кој им се јави на многумина и така им го прекрати плачот поради твојот крај!
Радувај се, ти кој си примил од Бога два златника – монаштво и свештенство!
Радувај се, ти кој применото злато, со заработувачката на исцеленијата и чудесата си Му го вратил умножено на Христа!
Радувај се, Нектариј, Божји архиереју!
КОНДАК 13
О, свештена главо, прекрасен лекару, Божји архиереју Нектариј! Прими го ова мало, но усрдно молење од твоите чеда, кои веруваат во благодатта што е во тебе. Даруј ни исцеленија од болести и избави нè од вечната погибел, за да Му воскликнуваме на нашиот Христос со радост: Алилуја!
(Овој кондак се чита три пати, а потоа Икос 1 и Кондак 1)
ИКОС 1
Добивајќи ангел чувар при светото крштавање, од својата младост си се стремел кон рамноангелски живот, отче наш Нектариј. Сега, пак, со ангелите се насладуваш гледајќи на славата Божја, моли Го Владиката на сите ангели за оние кои ти пеат вака:
Радувај се, благословен плоду на венчани родители!
Радувај се, од утробата мајчина си осветен од Бога!
Радувај се, ти кој си се научил на послушност уште од детството!
Радувај се, ти кој си го изучил Светото Писмо уште од младоста!
Радувај се, вдахновена книго на Божјите зборови!
Радувај се, жива таблицо на богољубието!
Радувај се, од Бога си избран за кротост и смирение!
Радувај се, ти кој си го оставил својот дом заради духовното учење!
Радувај се, бидејќи заради тебе стивна страшната бура во морето!
Радувај се, бидејќи со твојот појас се зацврсти скршената катарка!
Радувај се, орлу кој леташ на небото, окрилен од умствената молитва!
Радувај се, елену кој си ги пронашол изворите на покајанието!
Радувај се, Нектариј, Божји архиереју!
КОНДАК 1
Богоизбран Нектариј, митрополиту пентаполски и чудотворче егински, ти принесуваме моленија за нашите болни роднини, бидејќи си се јавил како чудотворен исцелител на ракот и на други болести, дарувајќи ì благодат на целата вселена. Поради тоа со една уста и едно срце постојано ти воскликнуваме:
Радувај се, Нектариј, архиереју Божји!
Молитви кон Свети Нектариј Егински
Прва молитва
О, мироточива главо, светителу Нектариј, Божји архиереју! Во времето на големото отстапништво и безбожништво, си засветлил со побожност и си му ја скршил главата на прегордиот ѓавол, кој нè рануваше. Заради тоа, Христос ти дарува да лечиш неизлечиви болести, кои нè спопаднаа поради нашите беззаконија. Веруваме дека те засака Бог бидејќи си праведен, па заради тебе да нè помилува нас грешните, да нè разреши од проклетството, да нè избави од болестите и во целата вселена да се слави Неговото страшно и преславно име, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Втора молитва
О, свет Нектариј, богомудар отче! Прими го, чувару на православната вера, исповедувањето на луѓето со Христовото име, кои денес се собраа во храмот до Божјата благодат која живее во тебе. Веста се рашири низ целата земја дека ти, голем меѓу светиите, Божји угоднику, се јавуваш на сите страни на светот на оние кои го призиваат твоето име и дека на болните од рак им даруваш исцеление.
Слушнавме за свештеникот Нектариј, кој подигнува храм во твое име, со големи маки, бидејќи боледуваше од рак на градите и секој ден крв му истекуваше од раните и многу страдаше, но не го оставаше светото дело.
А ти, многумилостив светителу, одеднаш се симна од небото и пред него се појави во храмот. Тој, пак, за тебе мислејќи дека си собрат и еден од смртните, од тебе побара да се помолиш и рече: „Многу сум болен, но сакам да подигнам свет храм, само еднаш во него да отслужам света литургија заедно со парохјаните, а потоа и да умрам, бидејќи не се плашам од смртта“.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар