Колку страдаме за своето Спасение?

Колку страдаме за своето Спасение?




Колку страдаме за своето Спасение?

Колку се трудиме за нашиот Христос?

Колку чезнееме за Светлината,Вистината за Бога?

Браќа мои, нема монашка духовност или народна духовност. Постои Таткова духовност.

Нема друг Христос за монасите и друг за лаиците, друг за младите и друг за старите.

Еден е Христос за сите, едно е Евангелието, потребно е исто покајание за сите нас, иста ревност за вежбање и очистување од страстите.

Не ја простувајте мрзливоста во нашите животи зошто живееме во светот.

 Секако, сите имаме различни патишта, но нашиот живот има заеднички карактеристики, зошто имаме заеднички цел, а тоа е Христос.

Од моментот кога почиваме во мекост,во равнодушност, во површен Христијански живот со изговор дека живееме во светот, започнуваме и флертуваме со вечната загуба.

Нашето спасение нема да дојде зошто слушаме убави беседи или познаваме некој од свештенството или од монаштвото.

Спасението ни доаѓа кога и самите живееме чисти и скромни, покорувајќи се на се што ни зборува Црквата Христова низ устата на Апостолите, своите Богоплашливи Отци,своите Светители.

Ако продолжиме да не се придржуваме на ниту еден, кога ќе го отфрлиме дури и еден од Божјите закони, тогаш постануваме криви за целиот Закон.

,,Оти, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сe,, (Јаков 2:10).Истото го кажува и Апостолот и Евангелист Матеј: За неговите дела или неговото однесување ќе се смета како најмал во Божјото Царство. А Свети Јован Златоуст анализира:

"Кога ќе го чуете изразот минимално, не мислите на ништо освен на вечна казна и пекол."

Проекцијата на тврдењето дека некој се потчинува на сите останати одредби на Божјиот закон не ги оправдува ниту го спасува од загуба.

Затоа, ако е персонификацијата, и покрај тоа што е ,,суптилен и невидлив прекршок на законот",Свети Јаков го окарактеризира како навреда за целиот Божји закон и за самиот Бог, што се може и треба да се каже за современата невидлива и видлива суптилност или груби престапи кои ги прават современите Христијани?

Од едноставни, како провокативно облекување на телото, одсуство од Црква и Светотаинствениот живот воопшто, до предбрачните односи, односно проституција, абортус,прељуба,завист, измама,лаги, огорченост, интриги?

Намерните престапи, сторени после зрела мисла и одлука, како можат да станат ,,лесномислени" и амнестирани на олтарот на нашите интереси и придобивки?

Христос, браќа мои не сака, но неможе засекогаш да не спасува, неможе засекогаш да ни простува ако се држиме за своето его, своето мислење, нашите придобивки,својот грев. Го препишавме тоа: Божјата љубов спрема сите нас е безусловна, но нашето Спасение не е безусловно.

Нема да бидеме безусловно спасени, нема да бидеме спасени само затоа кажуваме дека веруваме во Христа. 

Ќе бидеме спасени кога понизно се потчинуваме на Неговата Црква.Не само во онаа што ни одговара туку и на целото Негово учење.

Не постои друг начин. Нашето духовно би можело да ни спаси неколку прашања.Без мака нема венец. Без вежба нема духовен напредок.

Ако со покајанието не се очистиме од своите страсти,поставуваме ѕид помеѓу нас и Христа и Тој неможе да не прегрне. Христос не е виновен, виновно е нашето непокајание и опсесија со нашата благосостојба.

Сите да сфатиме дека Црквата Христова не е наш шатор да правиме онаа што го сакаме и тоа да го доведеме до сопствени стандарди и тежина. Црквата му припаѓа на Христа.

На Него сме повикани да му се потчинуваме, на Него сме повикани да го следиме.

Архимандрит Павлос Пападопулос 

Comments