Мир - Свети Нектариј Егински
Мир - Свети Нектариј Егински
Мирот е божествен дар, кој изобилно им се доделува на оние кои се помируваат со Бога и ги извршуваат Неговите божествени заповеди.
Мирот е светлина и бега од гревот, кој е темнина. Грешникот никогаш не смирува.
Борете се против гревот и нека не ве вознемирува бунтот на страстите во вас. Зашто, ако во борбата со нив ги победиш издигнувањатана страстите, тоа стана повод за нова радост и мир.
„Грижете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа“ (Евреите 12:14).
Мирот и осветувањето се два неопходни услови за секој што копнее да го види лицето Божјо.
Мирот е основата на која почива осветувањето.
Осветувањето не останува во вознемирено и луто срце.
Гневот, кога се задржува во душата, создава непријателство и омраза кон ближниот. Затоа се бара брзо помирување со нашиот брат, за да не бидеме лишени од благодатта Божја која го осветува нашето срце.
Кој се помирува со себе, се помирува со ближниот, се помирува со Бога. Таквиот човек е осветен, бидејќи самиот Бог живее во него.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар