Спијте цврсто вечерва.
Сте го направиле тоа што е ваша должност. Се боревте многу.
Најдоброто што можевте да го направите денес, веќе сте го направиле.
Спијте цврсто вечерва.
И не се вознемирувајте ако работите не се одвиваат како што очекувавте.
Единственото нешто што е важно е дека сте се обиделе. Дека сте се бореле.
Самиот труд. Самата борбата.
Спијте цврсто вечерва.
Доста мака за денес.
Утрето нека си го донесе своето.
Одморете се сега. Затворете ги очите. Обидете се да го исчистите умот. Сега е тоа време од денот…
Спијте цврсто вечерва.
Сте ја направиле вашата должност.
Господ има за утре. Не грижете се.
Покажете Му го вашиот уморен грб и колена и Тој ќе го благослови резултатот од вашиот напор…
Елефтеријадис Г. Елефтериос
Comments
Post a Comment
Напиши коментар