Кога некој греши...
Кога некој греши...
Кога некој греши, тој се одвојува од ближните и стекнува чувство дека не го сакаат, не жалат за него, не размислуваат за него, не се интересираат за него. Како што јазикот што го изгубил чувството за вкус не ја чувствува сладоста на медот, така и грешниот човек страда од бесчувствителност, не ја согледува љубовта кон луѓето, се навредува и сè погрешно толкува, верувајќи дека секој сака да му наштети, дека секој живее и се радува, но тој е напуштен.
Па дури и да пролеете крв за него, тој ќе даде поинаква мисла на вашата љубов. Ако му кажете нешто убаво, ќе помисли дека му се мешате во животот. Ако му кажеш: седи овде, ќе помисли дека го презираш. Грешниот човек живее во оковите на својот грев и во страшниот затвор на својата осаменост.
Кога човек, наоѓајќи се многу пати во слични ситуации, ќе дојде до заклучок дека неговите соседи не го сакаат, не го сожалуваат, не му помагаат, дека тие се виновни за нешто, тогаш апсолутно е јасно дека тој им згрешил. Оној што се ослободил од гревот стекнува чувство дека сите го сакаат, го сожалуваат, сите ги чувствува како семејство, сите сака да ги прегрне, бидејќи сите се исполнети со милост кон него. Значи, колку повеќе се ослободувам од гревот, толку повеќе доаѓам во единство со ближните. И обратно, колку повеќе грешам, толку повеќе се одвојувам од сите.
Архимандрит Емилијан Симонопетритски
Comments
Post a Comment
Напиши коментар