Вие го составувате „Добро Утро“

   Вие го составувате „Добро Утро“





Вие го составувате „Добро Утро“.

Вие го избирате „добро утро“.

Како спиевте синоќа?

Како се разбудивте денес?

Рековте Фала на Бога?

Рековте ли денес дека на секој предизвик ќе гледам како на можност?

Дали ќе се предадам на што и да дојде, на текот на нештата, без да се етикетирам како „добар“ или „лош“?

Сите ќе ги поздравам со прашањето: Што дојдовте да ме научите и да ми дадете во животот? Што сакаш да ми кажеш? Каде ќе ме однесе тоа? Каде ќе ме одведе денешниот ден со моите впечатоци, каде што никогаш не би отишол сам?


Еве една прекрасна молитва што ве охрабрувам да ја кажувате секое утро…

 "Господи, помогни ми да се соочам со сè што ќе ми донесе овој ден со мирна душа. Помогни ми целосно да се предадам на Твојата света Волја. Во секој час од овој ден просветли ме и охрабриме во сè.

Каква и да добијам вест во текот на овој ден, научи ме да ја прифаќам мирно и со убедување дека доаѓа од Твојата света волја.

Води ги моите мисли и чувства во сите мои постапки и зборови. Во сите непредвидени околности, не дозволувај да заборавам дека сè доаѓа од Тебе.

Научи ме да се однесувам праведно и внимателно со секој член од моето семејство, да не посрамувам или вознемирувам никого.

Господи, дај ми сила да ги издржам неволјите и сите настани на овој ден во текот на неговото цело времетраење.

Води ја мојата волја и научи ме да се молам, верувам, страдам, простувам и сакам.

Амин.


Отец Хараламбос Пападопулос


Comments

Post a Comment

Напиши коментар