Имаше многу подвижници на Света Гора кои имаа како мирјаните истакнати места во друштвото и научниот свет.

Таков беше и Рускиот кнез,еромонах Партениј Каруљски, кој во почетокот живееше во ќелијата и беше секретар.

За времето на изградба на црквата доби писмо од една Руска селанка кое го присили уште поревносно да се подвизува во застрашувачката Каруља.

 Еве што пишуваше во тоа писмо:

Ве молам,Свети Отци,да го примите овој мал паричен прилог.

Слушнав дека градите Црква и дека поради тоа вие потребна помош. Бев несреќна што немам пари да ви испратам,поради што ја отсеков својата коса и ја продадов на некои отмени дами на кои нивна коса е кратка, но кои на баловите носат туѓа коса.

 Ве молам да ја примите оваа моја скромна лепта.

Оваа случка силно го погоди отец Партениј. Донесе храбра одлука на стрмните карпи на Каруља да живее како да е бестелесен.

Додека зборуваше за својата одлука,кажа: Кога го прочитав оваа писмо, ми дојдоа следниве помисли. Некои ја отсекуваат косата а некои даваат малко од онаа што го имаат,додека јас удобно седам во фотеља и пијам чај.

Поради Христовата љубов и поради спасението на мојата душа морам да отидам во Каруља.

Се зборуваше дека лицето на отец Партениј сјаеше и дека поседуваше дарба на прозорливост.

Спиеше на камења во пештерата во која живееше.Од неговата искидана облека се ширеше миомирис.

Многу даде на Господа,жртва голема,многу љубов,многу сиромаштво.

Меѓутоа,овој Руски кнез доби и многу награди, како во овој живот, така и во оној вечен и бесконечен.



Comments