Гледам и ја чувствувам Твојата сила Господе во се!



После четири дена со температура од 40 степени денеска сум нешто подобро.Останав без молитва зошто поради слабоста на телото и умот ја загубив молитвата.Но му благодарам на Бога за се.

1971 година беше вистинско откритие за мојата душа.Очите ми се отворија.Небото,земјата и се што Бог створи изгледаа некако друго,обновени и до сега беа исти,само што немав очи да ги видам.

Дури сега,поске деценија од темнина,можам да го видам небото и земјата и сфатив дека на оваа нема ништо поубаво од небото.

Бесконечни бои и шаренило се одразуваат во бесконечноста на небото,нешто слично непостои на целата земја.

Ја гледам и ја чувствувам Твојата сила Господе во се. Во водата,воздухот,топлината,студенилото,билките, створени со Твојата силна рака,на небото и на земјата секогаш ќе ја видам Твојата сила,љубов и мудрост со која неуморно работиш.

Се слушаат ѕвоната на Патријашијата.Денес е голем празник,се славаат Свети Архангели Гаврил и Михаел.

Господи Исусе,ја прифаќам казната за своите гревови,фактот дека денес неможам да одам на Светата Литургија.

Во овие денови на болка и болест немав сила да размислувам,да се молам,зошто треската го ослабна моето срце,кое е како слаба птица,само мрдаше со отсечените крилја.

Но ти Господе,беше тука присутен и јас го знаев тоа.

Уште имам да плаќам за своите гревови,уште не сум прочистен да би можел да одлетам до Твојата светлина, а имав впечаток дека сум многу блиску до бесконечноста и кој знае во каква состојба е мојата душа?

Кога се разбудив, ја слушнав оваа реченица која ја прочитав на глас:

Најголема сиромаштија на човештвото е недостаток на љубов.

Да,така е Господе,зошто некој друг освен Тебе би можел да ми го каже тоа мој Исусе?

Кога  на местото на секое оружје би ставиле љубов која Бог ја всади во нашите срца,тогаш на земјата би била голема среќа. Никој не би се сметал за сиромашен,зошто љубовта би ја исполнила секоја празнина.

Како што сончевите зраци ја затоплуваат земјата и ја загреваат со своите благородни зраци,душите на сите кои ја пренесуваат на оние околу нив.

Од љубовта спрема ближните и од верата можете да дадете се. Давате без страв и конечно ќе сфатите дека вие сте оној кој све примил.

Никој не е сиромашен ако го има Бога.

Радоста на Божјата љубов автоматски зрачи зрак на светлина која ја емитира чиста свест.

Дури сега мојата душа започнува да го препознава фактот дека е опкружена на толкава радост и блескање кои не сте ги замислувале ниту знаеле.

Но како си сега среќна моја душо,среќна од толкава убавина,после толку години на темнина!

Би требало да работите во тишина,мир и најдобро што можете да контролирате и да го проучувате оваа тело кое само знаеше да ве држи затворено во темнина и незнаење.

Постанете негов Господар!




Духовен дневник на една верна и скромна душа од нашите денови, со прекрасни искуства околу Исусовата молитва.

1971 година во Романија

Comments