Насмејте се и бидете среќни, но не се смејте.

Да ги разгледаме овие две реченици:


1. Многу сум среќен кога ќе те видам.


2. Полно се смејам кога ќе те видам.


Дали овие две реченици се еднакви?


Се надевам дека секој од нас ќе каже: Не, не се еднакви. И тоа се случува зошто смеењето не е изразување на среќата - тоа израз на агресивно расположение.


Ако ги погледаме одблиску уметничките дела особено филмовите кои не исмејуваат, ќе сфатиме дека нашето смеење е чин на омраза спрема некого. Се смееме затоа што се со некој друг случува нешто лошо или несакано, дури и ако се работи за едноставна шега.


Можеби во истиот момент во кој се смееме другата личност ќе осети напад, но во иднина ке се сеќава на болката.


После своето воскресение, Христос не ни даде многу заповеди. Првиот беше: Радувајте се!. Ако сакаме да ги смениме Неговите зборови и наместо него да поставиме "смејте се", дали е тоа иста работа?


Не, не е, зошто смеењето не е израз на среќата, тоа е израз на агресивно, иронично однесување.

Затоа Христос никогаш не се смееше. Само плачеше за сите нас.


Да го избегуваме смеењето, долгорочно нема да имаме добри резултати: ни за нас, ни за други.


Мораме, истовремено да бидеме сериозни и среќни.Оваа е тајна која се дознава со молитва, внимание, милосрдие и добри дела.




Извор : интернет 

Comments