И не сакам да се фалам, освен само со Крстот на нашиот Господ Исус Христос, кој распнат за мене, иза целиот свет(Гал.6:14).

Кога Синот Божји се појави на земјата и кога покварениот свет неможеше да ја поднесе Неговата Безгрешност,доблест неспоредлива и оптужувајќи ја слободата и, осудувајќи го онаа најсветлото Лице на срамна смрт,го прикова на Крст,тогаш Крстот стана нов знак.

Тој стана нов Олтар,зошто на него е принесена голема Жртва на нашето ослободување. Постана Боженствен Олтар,зошто беше испрскан со непроценливата Крв на непорочното Јагне.

Тој постана Престол,зошто големиот Божји пратеник почиваше на него од сите негови дела.Тој постана најсветол знак на Господа над војските зошто гледаа на Оној кој го прободеа(Јован 19:43).

А овие кои го прободеа ништо друго не препознаваат кога го видоа овој знак на Синот Божји.

Во тој смисол, мораме со пиетет да гледаме не само на онаа дрво кое е осветено со додирот на Пречистото Тело туку и на секое дрво кое ни ја прикажува иста слика, не врзувајќи го нашето почитување за супстанцата на дрвото или златото и среброто, но мислејќи на себе на Спасителот, кој на него го оствари нашето спасение.

И овој Крст за Него не беше толку болен колку за нас беше лесен и спасоносен. Неговиот терет е наша утеха; Неговите подвизи се наша награда; Неговиот пот е наше олеснување; Неговите солзи се нашето чистење; Неговите рани се наше исцелување; Неговото страдање е нашата  утеха; Неговата крв е нашето откупување; Неговиот Крст е нашиот влез во Рајот;Неговата смрт е нашиот живот.




  Митрополит Московски Платон

Comments