Отец Гаврил Грузијски самоистакнувањето и претерувањето го сметаше за прелест и грев и такво нешто го разобличуваше без колебање.

Еднаш една девојка се шеташе наоколу со претерана љубезност и беше облечена така да нејзината облека уште повеќе го истакнуваше нејзиното однесување.

Како што имаше благодатен дар на расудување старецот Гаврил најде најсоодветен начин да и укаже на нејзината грешка.

Кога таа беше присутна,тој и се обрати на една друга девојка кажувајќи и строго:

Како така си се облекла,сестро? Кога доаѓаш во манастирот,треба вака да се облечеш!

- Па покажа со раката кон онаа девојка.

А девојката поцрвене сфаќајки ја својата слабост и самољубие па ја наведна главата.



Comments