Ако со својот ум гледате демони (мисли за зло,лукавство,емпатија,нечистотија),понизите се и пробајте да не гледате и да отидете што е можно побрзо кај вашиот духовник,на кој му се предадовте.

Кажете му се, и тогаш Господ ќе се смилува на вас и ќе ве спаси од вашите гревови.

Но ако мислите дека знаете повеќе за духовниот живот и престанете да му кажувате на вашиот духовник што ви се случува,поради својата гордост, неизбежно ќе ви се даде некое искушение да ве направи умни.

Грешиме кога мислиме дека сме помудри и поискусни од другите,дури и од нашиот духовен отец. Тоа го мислев и јас со своето неискуство и затоа страдав.

И му благодарам на Бога од срце,зошто ме на овој начин понизи и ме опомена и не ја повлече својата милост од мене.

И сега мислам дека без исповест кај духовникот не е можно да се ослободиме од гревот,зошто на духовникот Бог му даде милост да врзува и отпушта.




Свети Силуан Атонски

Comments