Чекам, Татко, на вратите на својата душа и чекам да влезеш како Крал во собата на мојата грешна душа.

Влези,добри Исусе, во храмот на моето срце и донеси ми радост и надеж во спасението.

Дојди,Исусе, во мојата сиромашна куќа.

Дојди,Исусе,во мојата пуста и тажна душа и направија престол на Светата Троица и храм на Твојот Свет Дух.Дојди и наместо Ангелите и луѓето,јас ќе пејам,Осана и Алилуја.

 Дојди,те чекам.Дојди,Исусе.Те сакам,дојди,Те молам,темнина е надвор,ноќ е во мојата напуштена и темна душа во собата на моето срце.



Архимандрит Јоаникиј Балан

Comments