Кроткиот, ако е нажален – се радува; ако пак е тажен – благодари; гневливите ги скротува со својата љубов; откако прима врз себеси удари – останува непоколебливо тврд во време на караници – тој е спокоен; Во потчинетост тој наоѓа радост; за гордоста тој е нечувствителен; во понижувањето тој се весели; од заслуги не се превознесува; со ништо не се кити; со сите живее во мир; на секое началство е покорен; за секое добро дело е готов; во се заслужува одобрување; сите заслужено го фалат! Кроткиот е туѓ на додворувањето – тој е далеку од лицемерство; не служи на озборувањето; не се покорува на зависта; злоречието му е одвратно; не го трпи потслушнувањето; ја презира злобната критика; со одвратност се однесува кон интригите! О, колку блажено богатство е кроткоста! Таа од сите се прославува!


Свети Ефрем Сирин

Comments