Дали е некогаш допуштено да лажеме,отец?

- Има ситуации кога сакаш нешто да прикриеш само да не го повредиш другиот.

Влезе така еден разбојник во ќелијата на еден свет човек молејќи го да го сокрие.

Кога во ќелијата влегоа оние кои го бараа разбојникот и кога го прашаа подвижникот дали го видел,подвижникот стана и за да го избегне лажењето кажа: Откако стојам на своите нозе никого не видов и така го спаси разбојникот.

Кога нема друго решение и кога е неопходно, ќе излажеш за да го спасиш некој човек од зло и од невола.

Во таков случај љубовта спрема човекот има поголема важност. Лагата,се разбира,останува лага,но ја покрива љубовта спрема човекот.

Дали ви се случи некогаш неопходно да лажете?

Не. Никогаш во животот не сум лажел.


Свети Гаврил Грузијски


Comments