Една мајка чиј син почина млад дојде кај отец Гаврил и го праша: Зошто младите луѓе умират?

Старецот и одговори: Во едно село една жена која беше верничка го загуби својот син единец и му се жалеше на Бога: Поради љубовта спрема Тебе,трпев многу исмевање,тешкотии.Освен мене,овде немаше верници.

Ми го зеде синот единец. Зошто ми направи така?

Истата вечер оваа жена сонуваше еден сон: Ангелите ја одведоа кај Господа.

Ја праша што бара? Врати ми го синот му кажа жената. Дали сакаш да го видиш твојот син? Да му одговори жената!

Се расплака.

Да и се покаже нареди Господ. Го доведоа нејзиниот син,мајката беше воодушевена.

Што уште сакаш да прашаш ја праша Господ?

Зошто ми го зема? праша жената.

Тогаш Господ им нареди на Ангелите:

Покажете и на оваа жена што ќе направеше нејзиниот син да не го зедов! 

Веднаш како на екран,жената ги виде страшните гревови кои сакаше да ги направи нејзиниот син, а нејзиниот син во пекол.

Вратете го во Царството Небеско! се расплака мајката. Господ нареди, и нејзиниот син беше вратен во Царството Небеско.

За твојата доброта и љубов,го зедов твојот син,тој е тука покрај мене.

Навистина ли мислите дека незнам кого да го земам? праша Господ.

Кога човекот умре,кажи ми,што е тука замката на злото?На крај од краевите ,животот на човекот e во Божји раце.



 Свети Гаврил Грузијски 

Comments