Чудо на Света Гора 



Некој славен и богат човек по име Дохиар посака да стане монах.Поради тоа,го зеде целото богатство,и замина да ги посети Светогорските манастири и да побара за себе манастир.

Еднаш,додека си заминуваше од лаврата на блажениот Атанасиј,на брегот здогледа едно убаво место каде што посака таму да остане.

Набрзо подигна Црква во името на Свети Николај,го огради манастирот со ѕид од камења,и прими монашки чин.

Бидејќи зградите беа големи,немаше доволно пари за внатрешно украсување на Храмот.Но тој се надеваше на Бога и кажа: Нека биде Божјата воља.Ако му се допадне ќе го прослави оваа место,тогаш и Црквата ќе биде убаво украсена.

Надежта му се исполни. Постои едно острово наспроти Света Гора кое се вика Луг.На оваа острово постои столб од камен,а на врвот се наоѓаше скулптура со натпис: Кој ќе ме удари,ќе најде полно злато.

Многумина пробуваа да ударат по глава на идолот, но не најдоа злато. Еден млад човек,го прочита натписот и го удари идолот по глава но од златото немаше ништо.

Кога сонцето заоѓаше,почна да копа каде се завршуваше неговата сенка од главата,но ни овде немаше ништо.

Кога сонцето почна да излегува пак го направи истото почна да копа и дојде до голем камен кој неможеше да го помрдне.

Во меѓувреме низ дупката во каменот здогледа злато.Но гледајќи дека неможе ништо сам да направи,одлучи да му каже на некој за богатството кое пронајде,само се уплаши да не го убијат оние на кои ќе им каже.

Му падна на ум да му каже на игуменот на еден манастир.

Промислата Божја го одведе до новоотворениот манастир,кој го доби името по неговиот градител Дохиар.

Му кажа на игуменот за богатството кое го пронајде и побара да му помогне.

Игуменот,видејќи дека тоа е Божјо дело,испрати со него тројца монаси да му помогнат да го ископат и да го донесат богатството во манастирот.

Монасите појдоа и најдоа еден котел со богатство под каменот.

Но непријателот на секое добро дело ѓаволот му шепна на еден монах да го убие младичот.

Му кажа на другиот монах: Бог ни го испрати оваа злато,која е потребата да му го дадеме на игуменот? Ние сами ќе изградиме манастир за нас.

И другиот се согласи со неговиот предлог,но третиот имајќи страв Божји,не се согласи со убиство,разоткривајќи го Божјото присуство и неизбежната казна за злочинот.

Другите двајца му кажаа ако не се заколне дека ќе молчи ако не ќе бидне убиен. Овој последниот видејќи дека неможе да се одбрани од нивната злобна намера и плашејќи се да не биде убиен, се заколна дека ќе молчи, дека нема да бара дел од златото и нема да прозбори ни збор.

Беше ноќ кога со златото појдоа во манастирот. По пат монасите го нападнаа момчето.Му врзаа камен околу вратот,и не слушајќи ги неговите молби,го фрлија во морето.

 Но милостивиот Господ, која ја виде невиноста на момчето и ги слушна неговото горко плачење, го сочува.

Архангелот Михаил, по Божјата заповест, го зеде момчето од морското дно и за момент го пренесе и го стави во Олтарот на Црквата.Кога дојде времето за утрена богослужба,елисијархот влегувајќи во Црквата да ги запали свеќите,слушна плачење кое доаѓаше од Олтарот.

Се уплаши и оваа го пријави кај игуменот.

Игуменот му нареди да го доведе 

Но тој повторно слушна плачење и повторно се врати кај игуменот.

 Тогаш игуменот отиде со него во Црквата и го виде момчето во Олтарот и го праша:

Како дојде овдека,дете мое, и што ти се случи?

Момчето му одговори: Лукавите и злите монаси кои ги испративте со мене, сакајќи да го земат златото,ме фрлија во морето со камен врзан ококу вратот.

Одеднаш видов два човека од кој едниот му кажа на другиот: Архангеле Михаил, одведи ги оваа момче во манастирот Дохиар.

После тоа паднав во несвест и незнам како завршив тука.Игуменот се изненади од кажаното и му кажа на момчето: Биди тука до утре.

Потоа нареди Утринска да се изведе во предворјето како да не дознаат останите браќа за онаа што се случи пред некое време.

Во меѓувреме лукавите монаси, криејќи го златото на тајно место,дојдоа во манастирот. Игуменот со сите браќа излезе да ги пресретне и ги праша:Заминавте четворица, но сега сте троица.Каде е четвртиот?

На тоа лукавите монаси  со гнев му одговорија: Отец,момчето кое го испрати со нас не излажа и тебе и нас.

Се сокри од нас,го баравме но него најдовме и се вративме сами.

Тогаш игуменот им кажа: Нека биде Божја воља.Ги одведе до Олтарот и им го покажа момчето.

Монасите останаа изненадени и ништо неможеа да кажат во своја одбрана,го признаа злочинот и кажаа каде го сокрија златото.

Игуменот испрати по него монаси кои беа најискрени и најверни кои го донесоа златото во манастир. Дваицата лукави монаси беа протерани од манастирот, а третиот, кој не се сложуваше со нив,игуменот му опрости.

Како резултат на таквото чудесно избавување на момчето од страна на Архангел Михаил новизградената црква е посветена на Архангел Михаил, а другата е изградена во чест на Свети Никола.

Каменот кој му беше врзан за вратот на момчето беше вграден во црквениот ѕид за да биде покажуван на другите. 

Момчето спасено од давење влезе во манастирот и беше строг подвижник. После смрта на игуменот,сите браќа го избраа за игумен.Неговото име е Варнава.

 



 

Comments