Се лошото во човекот не е случајно.Вие младите луѓе, не изразувајте гадење спрема тие луѓе кои пијат,се тепаат,безобразно пцујат чиј број секој ден се повеќе расне,но во нив е сочуван Божјиот лик,а тие најверојатно не го знаат тоа...

Непријателот ги вулгаризира и ги покрива со нечистотија,како икона која е прекриена со прашина,но ако дојде во добри раце, ќе стане очистена и ќе започне да сјае.

Секако, тешко е да ја видите Божјата слика кај оние луѓе кои спрема вас се однесуваат лошо и грозно, кои го имаат ликот на ѕверот на лицето а не личност,

но треба уште повеќе да ги сожалуваме,зошто нивните души се искривени,можеби дури и непоправливо,осудени на вечни маки и страдања.

Како е тешко да го сакате својот непријател.

Како е тешко целиот живот да го посветите на учење како да го сакате оној кој ве навредува...

Но мора да знаете дека со таква љубов станувате како распнатиот Христос.


Свети Гаврил Грузијски





 


Comments