Далеку во шумата во една стара испосница, живееше еден монах кој беше дал завет на молчење.

На вратата на неговата келија стоеше натпис: ,, Оние кои ја спознаа вистината не зборуваат.Оние кои зборуваат за неа уште не ја спознаа".


Никој од монасите не ги разбра овие зборови, а оној кој можеше да им објасни имаше завет на молчење.


Пројдоа многу години и стариот монах се спремаше да го напушти овој свет. Како сите прозорливи старци, однапред знаеше дека му се приближува крајот.

Реши да го прекине подвигот на молчење да би се опростил со браќата.


Кога го молеа за благослов и му ја бакнуваа раката, еден од нив немаше трпение и го праша старецот.


- Ве молам отец да ми објасните нешто, што значат оние зборови на вратата од испосницата: ,, Оние кои ја спознаа вистината не зборуваат. Оние кои зборуваат за неа уште не ја спознаа"?


Старецот се насмеа и ги праша сите: кој од вас го почуствува мирисот на розата?

Монасите збунети започна чудно да се гледаат, и му одговорија: па сите.


- А кој може со зборови да го опише?- праша старецот.


Само се погледнаа помеѓу себе и му се поклонија на големиот старец.




Comments