Секој кој што Го љуби Бога во време на жалости и искушенија се покажува како трпелив и непоколеблив; и оној кој што упорно ги претрпува, станува духовно силен и послушен на Бога, а оној кој што застанал на патот на следење на волјата Божја, тој ја победил својата природна слабост. И, напротив, оној кој што не го сознава своето бессилие, тој е горд и не е склон кон да се потчинува на волјата Господова; кој не ѝ се потчинува, а се надева само на своите сили, тој не добива сила и помош од Бога, а не укрепувајќи се во духот, не може да стане трпелив. А оној што нема да ги истрпи бедите и жалостите, тој нема вера, тој не Го љуби Бога.



Преподобен Алексиј Сенакскиј

Comments