Некогаш зборуваа: Подобро да ги излижеш ѓоновите, него ли да ги искидаш покривачите.Што сакаа со тоа да кажат старче?

Сакаа да кажаат: Подобро да ги излижеш ѓоновите работејќи,него ли да ги искидаш покривачите лежејќи. Работата е благослов,работата е дар Божји.Му дава живот на телото,свежина на умот.

Бог да не му дадеше работа на човекот, тој би се мувлосал. Оние кои се вредни, ниту во староста не престануваат да работат. Ако престанат да работат,иако имаат сила,ќе ги снајде меланхолија.

Тоа за нив е смрт. Се сеќавам човек во Коница,кој имаше готово деведесет години,и без прекин работеше.

Најпосле почина на нивата, на два часа одење од својата куќа.Инаку,и оној,таканаречен телесен одмор,кои многумина го бараат,не е ништо посебно.

Така ја забораваат сиромаштијата.Имаат храна,капење,одмарање.Но кога се заврши,бараат друг одмор.

Така се непрестрајно депресивни,зошто им секогаш нешто недостасува: чувствуваат некаква празнина, а нивната душа бара исполнување.

Меѓутоа,оној кој се заморува на работата, може да има непрестрајна радост,духовна радост.



Свети Пајсиј Светогорец

Comments