Во годините помеѓу 1950-1954  комунистите сакаа да ги погребат моштите на Света Петка бидејќи многу народ доаѓаше во Јаши на поклонение.

После меѓусебното советување,едно утро испратија некои работници да ископат дупка на гробиштата.

Кога започнаа да копаат,небото беше ведро и денот беше сончев и одеднаш се насобраа големи црни облаци,започна да дува силен ветер и почна на паѓа град поголем од едно јаболко.За кратко време се беше уништено.

Уплашени луѓето,стари и млади започнаа да ја молат Света Петка да се грижи за нив и да запре оваа невреме.Викаа по свештениците да се молат,звонеа на  камбаните и сите заедно ги читаа молитвите и акатистите на Света Петка и Пресветата Богородица.

Лошото време престана. Во меѓувреме пристигнаа шестмина мажи кои кажаа дека се испратени од властите и дека бараа од нив да ја погребат Света Петка но и тие беа уплашени и се откажаа од нивната намера.

Денот на кој сакаа да ја погребат Света Петка беше Велики Петок.

Света Петка им покажа дека  не владеат со градот Јаши.








Comments