Христос ни кажа нема да ве оставам сами (Јов.14:15-31).

Колку овие зборови се посебно важни во денешново време,кога многумина од луѓето се чувствуваат осамено,жалејќи се дека се чувствуваат осамено.

Тие се во гужва и се чувствуваат сами.Опкружени со пријатели и познаници,но сепак се чувствуваат осамени.

Човекот кој го има Бога со себе никогаш не се чувствува сам.Осаменоста не го убива,напротив го прави среќен.

Има можност да се искачи на небесата,може мирно да се помоли.Може подобро да размислува и да се вознесува со мислите кон Бога.

Сите Свети ја сакаа самотијата,изолацијата.Не затоа што сакаа да се динстацираат од друштвото,туку затоа што таму го сретнаа Бога.


Архиепископ Јустинијан Кира





Comments