Следнава молитва е упатена на еден женски манастир,кои го замолија Старецот Пајсиј Светогорец да им даде една молитва за бдение во своите ќелији.Тоа е во неговите последни години од неговиот живот.

Во оваа молитва доминира љубовта спрема целиот свет. 


Господи наш Исусе Христе,


Не напуштај ги своите раби кои живеат далеку од Црквата,нека Твојата љубов делува и нека ги доведе сите крај Тебе;

- Сети се, Господи,на своите раби кои боледуваат од рак.

- На Твоите раби кои страдаат од мали и големи болести.

- На Твоите раби кои страдаат од физички недостатоци.

- На Твоите раби кои страдаат од психички болести.

- Сети се на господарите и дај им помош во Христијанското владение.

- Запомни ги,Господи,децата од проблематичните семејства,проблематични семејства и разведени родители.

- Сети се,Господи, на сирачињата од целиот свет, на сите страданија и неправди во животот на оние на кои и починаа мажите.

- Запомни ги,Господи, сите затвореници,анархисти,наркомани,убици,злочинци,крадци,просветли ги и помогни им да зачекорат по вистинскиот пат.

- Сети се за сите оние кои се отселија од нашата земја. На сите оние кои патуваат по море,копно,воздух или се заробени.

- Спомни си Господи за нашата Црква,за свештенството и за верниците.

- Сети се Господи, на сите монашки братства,машки и женски,на старците и стариците и на сите братства на Светогорските отци.

- Сети се Господи,на своите слуги кои се во војна.

- На оние кои се прогонети во планините и во рамниците.

- На оние кои се заробени како птиците.

- Сети се на Твоите раби кои ги напуштија своите домови и работи и страдаат.

- Запомни ги,Господи,сиромашните,бездомниците и избеглиците.

- Запомни ги Господи,сите народи,да ги имаш во прегратка,да ги покриеш со својот Свет покров,да ги заштитиш од секое зло и од војна.

-Сети се Господи, на намачените напуштени,нанесени неправди, семејства во искушение и дај им ја Својата милост богато.

- Сети се на своите раби кои страдаат од психички и физички проблеми од сите врсти.

- Сети се на оние кои се во очајание,помогни им и смири ги.

- Сети се Господи,на слугите Твои кои ги бараа нашите молитви.

- Сети се на сите оние кои заспаа вечно и одмори ги.


БОГ Е СО НАС,ДАЛИ НИЕ СМЕ СО НЕГО?



Свети Пајсиј Светогорец




 

Comments