НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО!

Беше еднаш една многу сиромашна жена која имаше едно прекрасно дете кое многу го сакаше и кое и беше единствена утеха во нивната сиромаштија.Меѓутоа силно им завидуваше на богатите и често си зборуваше на себеси дека најмногу би сакала да има злато,пари,богатство и дека тогаш би била најсреќна.

Една вечер во сон и се појави еден богат и убаво облечен човек,кој и кажа дека е дојден да и ја исполни желбата и дека ќе ја одведе во една просторија полна со богатство и злато и од таму да земе се што посака,но кога ќе си замине во куќата да не го заборави онаа што и е најмило во срцето.

Маѓепсана од толку посакуваното богатство кое беше насекаде околу неа,жената беше пресреќна.

Со часови остана во собата,лакомо собирајќи го богатството,златото,се што и се чинеше вредно и што можеше да понесе.

Кога веќе неможеше да носи,побара да ја пуштат.Човекот и кажа да погледа дали се зеде со себе,случајно нешто да не заборавила,нешто што и е најмило.

Погледајќи во големата количина на богатство кое го носеше,восхитено кажа дека оваа од секогаш го сакала и дека тоа и е најмило во животот.

Брзо истрча од просторијата и големите и тешки врати се затворија по неа.Дури кога стигна дома сфати дека нејзиното дете остана внатре.

Во тој момент очајно крикна и се тргна од сонот и го здогледа своето мило дете како мирно спие.Силно го прегрна а солзи радосници и ги исполнија очите.

Тогаш сфати колку големо богатство има,само што не беше свесна за него.


КОГА ВО ЖИВОТОТ ПОМИСЛИТЕ,ЗОШТО ГО НЕМАМ ОВАА ИЛИ ОНАА...СЕТЕТЕ СЕ НА ОВАА ПРИКАЗНА!



преземено од :  Facebook 

Comments