Свети Јован Златоуст ни покажува пет практични начини на покајание.Тој ни кажува:


Првиот начин е да се осудите самиот себеси за своите гревови. Господ исклучително ја цени оваа постапка. Ако по сопствена волја го осудите својот грев, малку е веројатно дека ке го повторите.На небескиот суд нема да се најде вина поради навременото будење на вашата совест низ самокритика.


Друг пат на покајание не е незадоволство против некого, дури ни против своите непријатели. Секога држете го својот бес под контрола и простувајте им ги гревовите на другите, тогаш и Господ ке ви ги прости вашите. Оваа е ефикасна форма на чистење, бидејки самиот Господ го одобри кога кажа: Ако им ги простите долговите на другите, тогаш и вашите ке ви ги опрости Небескиот Отец( Мат.6,14).


Третиот сигурен пат на покајание е правилна огнена и длабока молитва на срцето. Да не ја заборавиме и вдовицата од Евангелието која опстојуваше во случајот пред судијата додека конечно не го доби онаа што го сакаше (Лук.18,1-8).Ако со упорност го победи судијата, колку ке ни биде лесно да го убедиме својот Небесен Отец, кој е смирен љубезен и кој сигурно ке ни даде се онаа што ни треба за спасение.


Четвртиот сигурен пат на покајание е давање на милостина чија сила е многу голема. Пророкот Данаил му кажа на кралот Навуходоносор да ги испере своите гревови со милостина и да им пристапи со милост кон сиромасите. Љубовта може да ги покрие гревовите.

Со милосрдие, престапниците кои се покајат ги исправуваат сите работи со својата борба и Божјата благодат.


Петиот начин е комбинација на голема скромност и искрена понизност.Сведок на овој пат е митникот од Евангелската парабола. Неговата вистинска понизност ја подигна целата тежина на неговите гревови.


Значи, мои сакани браќа, Свети Јован заклучува дека треба да ги осудуваме своите гревови, да им ги простиме гревовите на другите, да жнееме жетвата на добротворството и понизноста. Треба да чекориме по сите тие патишта на спасението секој ден, без одложување, без губење ниту на еден ден или час.



Старец Мојсиј Светогорец

Comments