Последни зборови на Свети Лука Кримски:


Деца мои,ве молам,облечете се во оклопи кои  ги дава Бог,за да се соочите со триковите на ѓаволот.Не можете да замислите колку е лукав.Не мора да војувате со луѓето,туку со принципите и силите,односно со злобните духови.Бидете внимателни!

На ѓаволот не му е во интерес да го прифати своето постоење,да мисли и чувствува дека е близок на човекот.

Сокриен и непознат непријател по опасен е од видливиот непријател. О колку е голема и страшна војската на демонот!

Како е безбројна нивната црна толпа!

Непроменливи,неуморни,ден и ноќ,настојуваат да не турнат сите нас кои веруваме во името Христово да не поведе на патот на неверието,злобата и непочитувањето.

Овие невидливи Божји непријатели си поставија еден и единствен цел,ден и ноќ да го бараат нашето уништување.Но не се плашете,земете ја силата од името Исусово.




Comments