Господи, Боже на моето спасение, дење Те призивам и ноќе сум пред Тебе:

 за да дојде пред Тебе молитвата моја, приклони го увото Свое кон молбата моја, Господи,

зашто душата моја е полна со јад и животот се приближи до адот.


 Се изедначив со оние, што слегуваат во гроб; станав како човек без помош – слободен меѓу мртвите;

 како фрлени и ранети што лежат во гроб, за кои Ти веќе не се сеќаваш; тие се оттурнани од Твојата рака.


Ме положија во подземен ров, во мрак и во смртна сенка.


Ја истури врз мене Твојата јарост, и со сите Свои бранови ме поразуваш.

 Ти ги оддалечи од мене моите познати, ме направи одвратен за нив; затворен сум и не можам да излезам.


 Очите мои ослабеа од сиромаштија: цел ден викам кон Тебе, Господи, ги протегам рацете кон Тебе.


Зар на мртовци ќе правиш чуда? Зар сенките ќе се кренат и ќе Те слават?

 Зар во гроб некој ќе кажува за твојата милост и за Твојата вистина – местото на распаѓањето?

 Зар во темнината ќе ги познаат Твоите чудеса, и во земјата на заборавот – твојата правда?


 Но јас повикав кон Тебе, Господи, и наутро молитвата моја Те испреварува.

 Зошто, Господи, ја оттурнуваш душата моја и го одвраќаш лицето Свое од мене?

Јас сум несреќен и од младини се мачам; се возгордеав, се смирив и изнемоштен сум.


 Над мене се надви Твојата јарост, Твоите заплашувања наполно ме скршија.

 Секој ден ме опкружуваат како вода: сите заедно ме опседнуваат.


 Ти го оддалечи од мене ближниот и пријателот; моите познати не се гледаат


Псалм 87



Comments