сатаната сака да не раздели од спасението, од соединување со Бога.А со Бога ние се соединуваме низ Светата Причест,низ читање на Светото Писмо,низ молитвата.

И сатаната со сите сили се труди да ни пречи. Ете, стануваме на молитва и гледаме, дека цело време нешто не одвлекува: те ќе изгубиме време,кандилото криво стои,приметивме прашина,некои предмети треба да се преместат.

Така сатаната ни внесува такви помисли,тој несака да се молиме. Или го читаме Светото Писмо - некој ни заѕвони,некој не повика или уште нешто друго што не одвлекува,надразнува,соблазнува.

Или се спремаме за Причест - си заборавил да постиш, не успеа да стигнеш во Храмот,не стигна на исповед,имаш некоја работа,гостите ти дојдоа,роденден тие, или си се вчера напил,непријатно тие да одиш на исповед - или полно вакви причини.

А ако се човекот,на пример се спремил,постеше,тогаш сатаната се погрижи човекот да почне навечер да чита и заспие.

Ако тоа не му успее, тогаш се потруди да ти внесе лоши помисли, дека свештеникот е лош, дека лошо се однесува спрема тебе, не те сака. 

Зошто? Ако се оделиш од свештеникот - се оделуваш од Храмот. Ако се оделиш од Храмот - се оделуваш од Црквата.

А ако се оделиш од Црквата - значи,се оделуваш и од Бога.





Протоереј Димитриј Смирнов

Comments