Skip to main content

Сестра Агатоники: Турска девојка која  постана Христијанка


Случајот на сестрата Агатоники е прекрасен пример на Божјата промисла, зошто Бог ја избра од редовите на Османлиските Турци и ја насочи кон тоа да стане Негова невеста.

Сестра Агатоники е дојдена од Мала Азија. Нејзиното муслиманско име беше Али Моула, а нејзиниот татко беше оџа.

Беше многу умен и искусен човек и многу луѓе доаѓаа кај него за совет. Зборуваше дека едно од неговите деца ке ја издадат нивната вера и ке постане каур(неверник).

Детето раснеше и се одликуваше со скромност.

Христијаните посебно и се допаѓаа и чуствуваше дека нешто ја привлекува кон нив.

Можноста да се одели од своето семејство и се пружи во времето кога малоазијските Грци беа прогонети после случувањата во 1922 год.


Беше девојче на девет години, кога ја напушти татковата куќа и појде со прогонетите Христијани. Истотака во работ на својата сукна соши неколку ситни пари како не би останала без пари.

Во пристаништето ја дочека непријатно изненадување деверот на нејзината сестра кој беше судија беше таму со останатите Турци и ги гледаше останатите Христијани кои беа принудени како животни да ја напуштат својата татковина.

Да би го избегнала деверот, малата Али се сокри под долгиот фустан на една госпоѓа и така помина без да ја забележат.

Бродот стигна до Митилини и шест месеци живееше со голем број на Христијански семејства.

Одтаму отиде во друго семејство во Серес, одтаму во Кавала и заврши во Драма. Бидејки беше многу добро и послушно дете, Христијаните ја сакаа, и ја третираа како своја.

Еднаш во куќата во која живееше имаше служба за осветување на маслото.

Го слушна свештеникот како зборува дека содржината на кандилото не треба да се фрла, па го зеде и се проголта: и зејтинот, виното, држачот на фитилот и самиот фитил.


Таа ноќ во сон го виде Свети Јован Крстител кој и кажа: Добро направи дете, но ако не се крстиш, тоа нема ништо нема да ти донесе.

Од тој ден нејзината желба да се крштева раснеше од ден на ден. Никој во тоа не и помогна,од страв да не се одмаздат Турците ако се тоа дознаше.

На крај се крштеваше некаде во близина на Кавала и го доби името Софија.

Годините проѓаа и девојчето порасна во убава млада девојка, која сакаше во потполност да се посвети на Христа, иако

 ништо незнаеше за монаштвото.Од луѓето разбра за островот Тинос и замина таму предходно имајки визија на Пресветата Богородица која ја повика да отиде таму.

Таму проведе шест месеци и спиеше во дворот. Нејзините маки ги виде Панделис Филипоупис, чувар на Светите икони кој и помогна со храна и засолниште, и пружи засолниште.

Ја штитеше, и делумно зошто на својот имот имаше мала црквичка посветена на Света Софија.

Нејзиниот заштитник и свештеникот отец Стилианос Корнарос, заедно ја одведоа во манастирот Карвоуни. Тогаш беше есен 1938 година, и Софија имаше 25 години.


Игуманијата Теофано Видали беше воодушевена кога ја виде младата девојка, но одби да ја задржи. Се плашеше дека семејството можеби ја бара и да не го уништат манастирот.

И кажа да се врати од кај што дојде.

На крај, меѓутоа попушти и ја направи послушница на слепата стара монахиња Елисавет Каразепоуни.

Поради својата невола и поради тоа што нејзиниот ученик Касијан беше прикован за креветот таа ја одведе Софија во манастирот.


Сестра Елисавет беше воодушевена што и стана послушичка и ја внесе во регистарот на манастирот  со сопственото презиме Каразепоуни.

Големата схима ја доби1942 година од митрополитот Филаретос од Сирус Поради Германската окупација беше многу тешко време, а се што можеа да понудат на масата беше грозје.


Сестра Агатоники никогаш не го зборуваше Турскиот јазик ниту никогаш не ги спомнуваше своите лични податоци и предходната вера. И беше доволно тоа што беше прифатена како Христијанка.

Многу се молеше. Таа незнаеше да чита. После смрта на сестра Елисавет, сестра Агатоники ги посети келијите и ги молеше сестрите да и ги прочитат Житијата на Светите.

Душата и беше жедна да слуша за животот и достигнувањата на Светителите. Бидејки не знаеше да чита, очигледно таа не ни знаеше да пишува и наместо свој потпис таа црташе крст.


Многу постеше. За време на постот јадеше само сув леб, а само за викендите земаше помалку и зеленчук.

Живееше во апсолутно сиромаштво и немаше ништо свое. Не правеше ракоделие туку правеше помошни работи ,собираше конци за ткаење и мелеше кафе.

Каде и да беше потребна помош таа беше спремна да ја даде. Освен за сестра Елисавета, се грижеше и за остарената сестра Касијана.


Во 1980 год. на празникот на Светиот Архангел Михаил и на сите Небески сили, претрпе мозочен удар, а потоа заспа во Господа неколку месеци покасно на 28 март 1981 година.

Беше многу едноставна, воздржана и многу сакана. Сите останати монахињи убаво зборуваа за неа и ги бараа нејзините молитви.


Ако излезете надвор од ѕидобите на манастирот, до црквата на Сите Свети, на гробиштата ке го видите следново:


Коските на сестра Агатоники Карапезоуни.

По род Османлија и крстена по Божјата промисла.

Живеејки како Богоугодна монахиња, замина кај Господа на 28.03.1981.

"Го барам Воскресението на мртвите и живот вечен".



Извор: Еромонах Димитриос Кавадиас

 објави Светиот и Големиот манастир Ватопед.

Comments

Popular posts from this blog

Но зошто децата страдаат за гревовите на своите родители?

 Но зошто децата страдаат за гревовите на своите родители? Писмо за... страдањето и казнувањето на децата за гревовите на нивните родители. Се жалите за горчливата судбина на внуката. Пишуваш дека нејзиното страдање е необјасниво за тебе. Нејзиниот сопруг, службеник, заболел од срамна болест и починал во душевна болница. Таа била заразена од нејзиниот сопруг, а сега исто така завршила во лудница. Ти, знаејќи ја како благородна и побожна жена, се прашуваш како сезнајниот Господ можел да дозволи таков брак и воопшто толку сурово страдање на невино суштество? Ако вашата роднина е навистина побожна и љубезна, тогаш, се разбира, таа невино страда. Тогаш, можеби, треба да се бара причината во гревот на нејзините родители, зашто Возвишениот рече дека: "Кој ја чува правдата и покажува милост на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови, Кој виновни не очистува, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата – дури и внуците до третото и четвртото колено.” ( 2 Мој. 34:7). Н...

Во човечкиот живот има три Крста - еден од нив мора да се носи...

  Во човечкиот живот има три Крста - еден од нив мора да се носи  Кога ние, посетителите на Светиот гроб, бевме на страшната Голгота, го видовме местото каде што се наоѓаше Крстот Господов.  Лево и десно се местата каде што биле Крстовите на двајцата разбојници.  Само три Крста.  Кога слезевме во една пештера зад Голгота, ни го покажаа местото каде Светата царица Јелена ги откри Крстовите.  Таа открила три Крста: Крстот Христов, Крстот на покајаниот разбојник и Крстот на непокајаниот крадец.  Само три Крста.  Драги мои браќа, и сега има само три Крста што ги носат луѓето.  Еден е Крстот на праведниците.  Вториот е Крстот на покајниот грешник.  Третиот е Крстот на непокајаниот грешник.  Кој Крст е најлесниот?  Крстот означува страдање.  Едно е страдањето на праведниците.  Второто е страдањето на грешникот кој се кае.  Третото е страдањето на непокајаниот грешник.  Кое страдање е најлесно?  Најлеснио...

Раскажува Старица Стефанија од манастирот Свети Стефан кај Охрид...

  Раскажува Старица Стефанија од манастирот Свети Стефан кај Охрид - сега во својата осумдесетта година:  Минатата година бев таму на денот на празнувањето на Свети Еразмо и служев колку што можев.  Кога заминаа гостите, јас преноќив и се одморив.  Ноќе, двајца мажи дојдоа во мојот сон и застанаа на двете страни од мене.  За тој што беше како Господ, мислев дека е Свети Еразмо.  Ми рече: Спиеш а!! спие монахиња?  Му реков дека сум уморна и треба да легнам.  Потоа продолжи:  И какви молитви читате?  Му одговорив дека сум неписмена и стара и дека се молам на Бога колку што можам, на свој начин.  Потоа рече:  Морате да ја кажувате колку што можете почесто Оче наш и Богородице Дево.  И тогаш ми дојде и почнав да ја кажувам Господовата молитва.  Тогаш ја кажав и Богородице Дево и тие го повторија по мене.  Сега читај го Симболот на верата, ми рече старецот.  Почнав и бидејќи не знам многу, почнаа да читаат тие со...