О,мој Отец! Јас сум Твое дете од крв и месо.И затоа сум подложен на законот за материјална потреба.

Притиснат сум на потребите на својата материјална природа.

Вистински,а често лажни и измислени.Самиот не можам да разберам дали се вистински или лажни.Затоа Ти се обраќам на Тебе,Отец мој.И јас Те молам.

Помогни ми да ги разликувам суштинските од своите безначајни или измислени потреби.

Задоволи ги моите вистински потреби онака како што треба.

Направи ме главен а не подреден на моите потреби.Дај ми дух на строгост и умереност.

Дај ми доверба во својата љубов.Дај ми чувство за заедничките добра кои ми ги даваш.Кога ми даваш леб,пуштиме да мислам на своите гладни браќа.

И без обзир колку малку имам од својата сиромаштија,не се двоумам тоа да го поделам со великодушност.Да давам како што Ти ми ги даваш великодушно сите мои богатства.



 Отец Евсевиј Витиј

Comments