Светлината што ја барате....


 



Светлината што ја барате



Честопати откриваме дека оние кои никогаш претходно не го познавале Бог имаат многу посилна вера од оние кои тврдат дека му биле посветени цел живот...

Кога човек кој не го познавал Бога ќе се вразуми и ќе почне да се моли, знае каков бил неговиот живот порано, а знае и...

Кој му помогна да ја најде Неговата светлина на крајот од тунелот.

Господ го повика секој од нас во постоење со одредена цел и план.

И најмалото тревче на оваа планета има некаква мисија овде на земјата. И колку е точно ова за човечките суштества! Меѓутоа, понекогаш го нарушуваме и попречуваме Божјиот план.

Имаме слобода или да ја прифатиме Неговата волја или да ја отфрлиме; Бог кој е љубов не сака да ни ја одземе таа слобода. Ни е дадена апсолутна слобода, но ние, во нашето лудило, често посакуваме бескорисни работи...

Не можеме да постигнеме спасение на друг начин освен со преобразување на нашиот ум, преобразување во нешто друго од она што беше.

Нашиот ум е окружен од посебна енергија на Божјата благодат.

Тој станува нестраствен и свет. Божествениот ум живее непрестајно со сеќавањето на Бога.

Знаејќи дека Бог е во нас, а ние во Него, Божествениот ум е целосно интимен со Бога.

Бог е насекаде и ние сме како риба во вода кога сме во Бога. Во моментот кога нашите помисли ќе го напуштат, ние духовно пропаѓаме.



 Старец Тадеј Витовнички 


Comments