Дојдовте да се исповедате, а сепак не се каете за гревот...

 Дојдовте да се исповедате, а сепак не се каете за гревот...



Во исповедта не треба да зборуваш за оние гревови за кои претходно си се покајал и си ги признал и не си ги повторил.


Во спротивно, тоа би значело дека немате доверба во моќта на завршената Тајна преку исповед. Не смеете да се сеќавате на личноста со која сте биле во моментот на извршување на гревот, затоа што мора само да се осудувате себеси.


Светите отци не им дозволуваат на христијаните да ги кажуваат своите гревови во сите детали, туку да ги исповедаат воопшто, затоа што постои опасност да се даде причина да се скандализира вашата душа, дури и вашиот Духовник.


Дојдовте да се исповедате, а сепак не се каете за својот грев, затоа што не знаете да се покаете, како што треба, односно да се сеќавате на својот грев со одвратност и презир.


Во исповедта ги откривте сите детали, а најважните ги криевте. Не ги исповедавте своите тешки гревови, не ги препознавте и не забележавте дека:


-Ти не го сакаш Бог.


- дека го мразиш ближниот,


- дека не веруваш во она што го кажува Божјото слово.


- дека си полн со гордост и суета.


Со овие четири гревови дозволувате злото да влезе во вас, што предизвикува вашата духовна расипување. Во суштина, тие се основните корени од кои никнуваат сите ластари за нашиот пад во гревови.


Гледајќи многу внимателно во мојата душа и набљудувајќи го нејзиниот внатрешен тек, емпириски открив дека не го сакам Бог, немам љубов кон ближниот, не верувам во ништо што знам за религијата и сум полн со гордост и себичност.


Сето тоа е навистина присутно во мене, по детално испитување на моите чувства и мои дела.


Јас не го сакам Бога, затоа што не ги исполнувам Неговите заповеди.


Кога отсуствува нашиот духовен учител и Отец, да го имаме неговиот лик во нашите умови и за сè што знаеме дека му се гади, да се трудиме и да не го правиме тоа: без разлика дали се тоа пресметки, или зборови, или дела, или храна, или сон или што било друго; од сето ова да се воздржиме.


Тогаш ние навистина знаеме кој е степенот на нашата послушност. Само глупавите деца се радуваат кога нивниот учител е отсутен.


Оној што му ги открива на својот духовник змиите на искушението, тој ја докажува својата вистинска вера, додека оној што ги крие, оди по патот на својата загуба.


Не доцни да ги исповедаш своите гревови на понизен начин, пред твојот духовен отец како пред Бога. Затоа што Тој е ваш помошник. Затоа што видов грешници, кои со тажен поглед, со скромна исповед и со молитва ја ублажуваа суровоста на судијата и неговиот гнев се претвори во милост.


Затоа свети Јован Крстител прво побара откуп, а потоа дојдените се крстија, што не беше за нивно спасение, туку за нивно покајание.


Од книгата: „ДУХОВНИ БИСЕРИ“ - СТАРЕЦ АРСЕНИЈ БОКА

Comments