Сега, прогонството на Црквата има друга форма...
Сега, прогонството на Црквата има друга форма.
Сега ,прогонството на Црквата има друга форма. Непријателите доаѓаат со „човекови права“, со „слобода на совест“, каде што се крие големиот неморал.
Целта е растурање на нацијата, чии вредности се токму нашиот идентитет во светот. Ако не се покаеме и клекнеме, ништо нема да постигнеме. Но, ако се молиме со ревност, Бог ќе ни помогне да ги надминеме сите искушенија: глобализацијата, екуменизмот и којзнае какви други...
Тие сакаат и се обидуваат да го растворат Божественото преку релативизирање на основните вредности на вистината на верата преку екуменизмот, сакаат класифицирање и поистоветување на нашите деца со атеистите.
Со мачеништвото на децата започна Црквата Христова, со мачеништвото на децата започнува прогонот на овој век...
Денес христијанското и моралното формирање на детето може да го обезбеди само духовно здраво семејство. За жал, сега, образовните институции станаа агенти на антихристијанското воспитување на децата. Те учат да се усогласиш со атеистичкото „научно“ образложение и со грешниот свет и ги оправдуваат најгнасните гревови, за кои се срамиш дури и да ги спомнеш. Училиштата, веќе од градинка, имаат своја демонска цел: да ги натераат децата да се срамат и да скршнат од христијанскиот пат, со други зборови, да ти најдат работа да те зафатат и да не одиш во Црква во недела.
Старец Јустин Парву
Comments
Post a Comment
Напиши коментар