ДАДЕТЕ УБАВИНА НА ПАТУВАЊЕТО...

 ДАДЕТЕ УБАВИНА НА ПАТУВАЊЕТО...






Сè оди кон распаѓање, марширајќи кон смртта.


Но, ние имаме можност да го разубавиме овој пат и да ги манифестираме даровите што ни беа дадени како дарови, на нашите ближни и како благодарност и слава на Бога.


Трчаме, но за жал не живееме и додека распаѓањето веќе има свое темпо кон смртта, ние за жал често го забрзуваме овој процес. Животот има болка, тешкотии, липања и загуби.


Благодатите што мислиме дека ги чувствуваме ги имаат во себе смрт, болка, распаѓање и загуба. Радоста секогаш ќе се карактеризира со солза бидејќи земните радости не можат долго да траат.


И додека сè се движи кон смртта, Христовото Воскресение доаѓа да му даде друга смисла на нашите животи, нова перспектива и онтолошка преобразба.


Доаѓаме во живот и од првите моменти владее болката и тешкотијата, додека радоста е секогаш ефемерна бидејќи завршува и многу пати не може да остави нешто зад себе, моментите обично остануваат како спомени и носталгија.


Низ деновите на нашиот живот чекориме со постојана потрага по смртта и од ден на ден се доближуваме до неа.


Освен природното трошење на нештата, често има и насилни промени во животот кои уште повеќе нè згмечуваат. Сè ќе заврши, но крајот ќе се трансформира во нов почеток, нова состојба.


Онаму каде што мислите дека солзата ставила печат на немилиот настан, воскресението доаѓа да ни каже дека не само што не е готово, туку сега сè започнува!


Ние, во суштина, имаме бои кои може да се влошат со трошењето но имаме можност да ги обоиме нашите животи најдобро што можеме.


Овие бои се движењата на нашата слобода, пред сè, мораме да ги впиеме со Божјата благодат за нашите слики да останат неизбришливи и по смртта.


Во суштина, со секој изминат ден, работите не можат да се подобрат бидејќи има распаѓање и смрт. Секој ден мораме да го гледаме како последна шанса. Да не ја оставиме да оди на отпад.


Да ја манифестираме Христовата љубов и негувањето на нашите дарови, да не стекнеме ништо, туку преку ова споделување да ја шириме небесната радост во овој гладен свет.


Не можеме да го избегнеме крајот и смртта, иако знаеме дека има Воскресение, смртта ќе се случи. Но, можеме да го разубавиме патувањето и да и дадеме на оваа убавина на патеката есхатолошки карактер.


Да дадеме убавина во која ќе уживаме со другите и да не ја чуваме за себе.


Болката, солзата, тешкотијата се лекуваат кога се споделуваат и кога знаеме дека Бог не е таму за да ни ги одземе, туку да чекори по патишта по кои ќе извлечеме повеќе духовно учење преку односот со лицето Христово.


Светот во кој живееме секогаш ќе се карактеризира со солза од липање и болка, радоста секогаш ќе биде вода што ќе згасне. Само радоста Христова смртта не може да ја допре зашто таа е здробена и се поклонува пред водачот на животот.


А сепак, за да ја извлечеме оваа радост, повторно ќе треба да поминеме низ болка и конфликт со самите себе, нашите страсти и нашите грешки. Утешно е што на овој натпревар секогаш ќе имаме сила одозгора.


Христос е единственото решение, единствената радост, единствената утеха во овој тек на нашиот живот. Не Христос како идеологија, надворешна вера, туку како емпириско искуство.


Да кажам мој Господ и Бог мој и целото мое постоење да биде насочено кон лицето Христово. Зборуваме за љубов, но за жал во реалноста сакаме другите да ни ја дадат, а не ние.


Да се сака е тешко како што јажињата на себичноста и страста ја задржуваат љубовта заробена во нас многупати.


Само кога нашите пресметки, нашите постапки, нашите соништа, нашето однесување ќе бидат крстени со Божјата благодат, само тогаш ќе можеме со љубов да го разубавиме ова патување кон смртта.


Не смееме да се разочараме бидејќи на крајот не чека мостот на воскресението за големиот премин во вечноста.


Отец Спиридон Скутис

Comments