Не си оди, и јас сум грешник...


 



Не си оди, и јас сум грешник...



Едно од најголемите искушенија е нашата тенденција да ја преземеме улогата на Бог во животот на другите.

Или со тоа што ќе кажеме дека ќе ги откупиме, или со тоа што ќе ги осудиме во пеколот како безвредни и грешни.

Не постои погрозоморен чин од тоа да се сака да се дефинира Божјиот однос со луѓето преку делење на судови.

Кога авва Јосиф бил повикан да му се придружи на гласот во осудата на еден човек, тој одговорил велејќи: А кој сум јас?

И кога еден старец избркал еден... брат кој згрешил од испосницата, авва Висарион, станал и извикал: Чекај, ќе си одам со тебе. И јас сум грешник...

Светителите на Црквата, за разлика од „побожните“ религиозни луѓе од нашево време и пошироко, добро знаеле две работи.

Прво, тој грешен човек сака љубов и разбирање. Не дискредитација и метафизичка закана.

И второ, дека додека ги покриваш грешките на брат ти, Бог ги покрива и твоите, покажувајќи долготрпеливост.

Кога со злоба и самобендисување ќе ја повлечеш завесата за да се видат раните на другиот, порано или подоцна ќе дојде моментот кога ќе се открие твојата сопствената трагична голотија...

Comments