Сегашноста е во наши раце заедно со раката Божја...


 


Сегашноста е во наши раце заедно со раката Божја...



Еден ден, ѓаволот им се јавил на тројца монаси и ги прашал секој поединечно што би смениле од минатото.

Ако ти дадам моќ да промениш нешто во минато, што би променил?

Првиот монах брзо одговорил со голема Апостолска ревност:

Не би дозволил Адам и Ева да паднат во грев, за човештвото да не се оддалечи од Бога.

Вториот монах, кој имаше срце полно со милост, одговори:

Би те спречил да се оддалечиш од Бог кој засекогаш те осудил.

Третиот монах бил наједноставниот од тројцата. Наместо да му одговори на ѓаволот, тој паднал на колена, се прекрсти и се молеше:

Господи, избави ме од искушението на она што можеше да биде, а што не беше.

Тогаш ѓаволот испушти продорен крик и грчејќи од болка, исчезна.

Изненадени, другите двајца го прашале својот брат:

Брате што му одговори така?

Монахот објасни:

 Пред се, никогаш не треба да разговараме со непријателот.

Второ: никој во светот нема моќ да го промени минатото.

Трето, ѓаволот воопшто не го интересира да ни помогне, туку да не затвори во минатото за да ја занемариме сегашноста.

Зошто; Затоа што сегашноста е единствениот момент во кој можеме, со Божја благодат, да соработуваме со Бога.

Да го оставиме минатото во рацете на Божјата милост и да ја оставиме иднината во рацете на Неговата Промисла. Сегашноста е во наши раце заедно со раката Божја....

Comments