За покајанието. Камен-темелник на нашето спасение, кој лажните пророци го отфрлаат...
За покајанието. Камен-темелник на нашето спасение, кој лажните пророци го отфрлаат
На душата и треба Божествена светилка, Светиот Дух, кој ја краси темната куќа, светлото сонце на правдата, кое осветлува и свети во срцето. Душата треба да има оружје со кое ќе победи војната.
Затоа и онаму каде што Светото писмо вели за вдовицата која ја изгубила драхмата, таа прво го запалила кандилото, па куќата се осветлила и така откако куќата се осветлила била пронајдена драхмата, која била закопана во измет и нечистотија на земјата.
И душата сега, исто така, не може сама да ги најде своите помисли и да ги разликува, но кога ќе се запали Божествената светилка, таа свети во темната куќа и потоа ги гледа нејзините помисли на кој начин се скриени внатре во нечистотија и калот на гревот.
Со други зборови, вистинскиот дар на покајанието се чувствува кога оваа светилка ќе се запали во нашата душа со енергијата на Светиот Дух во нас, па ќе почне да нè пресоздава а не да не обнови, што е модерната ерес.
Во почетокот Бог нè создаде по Свој образ и подобие. Тој го вдахнал здивот на животот во лицето на човекот и го направил жив дух не дух што анимира, бидејќи само Господ е Дух што анимира.
Сега овој нов здив во нашето срце претставува почеток на ново создавање, обновување на нашето лице.
Архимандрит Захариј од Есекс
Comments
Post a Comment
Напиши коментар