Како одите и како влегувате?...


 


Како одите и како влегувате?



Секогаш кога сакате да одите во Црква, ако сакате, бидете доследни на она што го вели нашата вера, погрижете се да се сетите, не заборавајте, дека одите во чистиот Храм на Севишниот.

Таму, каде што е Неговиот престол. Таму, каде што бескрајно одекнува ангелската химна: свет, свет, свет, Господ Саваот!

Пазете, тогаш, како одите и како влегувате!

Ако душата ти е чиста од лага, од омраза, од непријателство и злоба, од валкани желби, облечи си проста и скромна облека, облека што им прилега на христијаните не во гнев, не за приказ, не облека на световни собири.

И оди во Црквата, со страв Божји, со смирение, со љубов. Ако вака одите во Црква, знајте го ова: благословен си. И во овој живот!

И ќе станеш уште поблагословен и поблажен, во живот вечен!


Свети Максим Грк


Comments