Има осум скапоцени камења со кои можеме да купиме прекрасен златен ланец...


 





Има и воздух за нашата душа, без кој таа не може да живее. Со секој здив овој воздух мора да влезе во душата. Овој воздух е името на нашиот Најсладок Господ Исус Христос, Исусовата молитва: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешникот.

Има луѓе кои секој свој здив го соединиле со оваа молитва. Тоа значи дека е можно секој човек да го постигне тоа, да посака и да сфати дека без оваа молитва нема воздух, нема живот за душата и да почне да работи на себе. И додека тој работи, Божјата помош ќе дојде и благодатта ќе го всади во неговото срце Најслаткото име на нашиот Спасител Господ Исус Христос.

Има осум скапоцени камења со кои можеме да купиме прекрасен златен ланец составен од осум златни алки. Камењата се следни: 1. Господи, 2. Исусе 3. Христе, 4. Сине 5. Божји, 6. помилуј 7. ме 8. грешниот.

Или подобро да се каже дека скапоцен камен е еден. А златниот синџир ги има следните осум алки: живот пред Бога, страв Божји, самоконтрола, покајание, смирение, душевен мир, мир со сите, рај во душата, вистина, мир и радост во Светиот Дух.



Свештеномаченик Серафим (Звездински) епископ Дмитров



Comments