Кога ќе запалите свеќа од пчелин восок во Црквата, вие изјавувате 12 работи
Свети Симеон Солунски споменува шест симболи за свеќата и секако се однесува на таканаречената чиста свеќа, односно пчелин восок.
Свеќата симболизира:
- Чистотата на нашата душа.
- Податливоста на нашата душа, која мораме да ја обликуваме според Евангелските заповеди.
- Мирисот на Божествената благодат, кој секоја душа мора да го испушта, како свеќата што има сладок мирис.
- Како што вистинската свеќа, запалена, се меша со огнот и му дава храна, така и душата изгорена со Божествена љубов постепено се води кон обожение.
- Светлината Христова.
- Љубов и мир со кои верникот станува светилник за другите.
Свети Никодим наведува шест други симболи и причини зошто палиме свеќа:
- Да се прослави Бог, Кој е Светлина „Јас сум Светлината на светот“ (Јн. 8, 12).
- Да ја растера темнината на ноќта и да го избрка стравот што го предизвикува темнината.
- Да ја покажеме внатрешната радост на нашата душа.
- Да ги почитуваме Светителите од нашата вера, по примерот на христијаните од првите векови, кои палеле свеќи на гробовите на мачениците.
- Да ги симболизираме нашите добри дела „нека свети твојата светлина пред луѓето“.
- Да им ги простиме гревовите на оние на кои им палиме свеќи .
- Свеќата произведува пламен, а пламенот зрачи светлина.
- Светлината е доминантен елемент на нашето обожавање.
- Повикани сме да бидеме светлина затоа што Тој е Светлина.
На преосветената Литургија, свештеникот, држејќи запалена свеќа, се свртува кон верниците и вели: Христовата светлина свети насекаде.
Во низа монашки завети, игуменот повторно му дава запалена свеќа на монахот, велејќи му: Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни.(Мт. 5:16 ), но исто така на крајот од Божествената Литургија пееме „светлината вистински ќе ја видиме.
Евангелос Раптис, Патишта на Света Гора
Comments
Post a Comment
Напиши коментар