Тука нема никаква штета...
Таму нема никаква штета
Таму каде што е Бог, нема зло. Сè што произлегува од Бога, има мир во себе и го води човекот кон самопрекорување и понизување.
Ако човекот, од љубов кон Бога и заради добродетелен Живот, не се грижи непотребно за себе, верувајќи дека Бог се грижи за него, оваа доверба во Божјата Промисла е вистинска и разумна.
Кој вистински го сака Бога, се смета себеси за патник и странец на оваа земја. Во стремежот да се соедини со Бога, со умот и срцето постојано гледа само во Него.
Оној што ќе одлучи да го живее внатрешниот живот, пред сè мора да има страв Божји што е и почеток на мудроста.
Свети Серафим Саровски
Comments
Post a Comment
Напиши коментар